...because open source matters

    Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Visitors

Visitors statistics:
mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterToday76
mod_vvisit_counterThis week76
mod_vvisit_counterThis month629
mod_vvisit_counterAll75120

At this moment: 11
Yours IP: 38.107.179.244
Date/Time Now: 2012-02-05 18:14
E-mail Print PDF
Отворен Центарот за регионален развој на Источниот плански регион


Објава: 25.02.2009

altВо Штип е отворен првиот Центар за рамномерен регионален развој на Источниот плански регион за чие функционирање Владата оддвои над девет милиони денари. На денешното свечено отварање на Ценатарот присуствуваа министерот за локална самоуправа Муса Џафери, заменик амбасадорот на Германија Елизабет Милер и градоначалниците од Источниот и од Југоисточниот плански регион.
-Од денеска, првиот од осумте генератори на развојот на општините, на регионот и на државата, почна да функционира. Центарот за регионален развој е точката во која ќе се имплементираат политиките за развој на регионот, што се утврдени во тесна соработка и координација помеѓу централната и локалните власти. Во тој контекст, политиката на рамномерен регионален развој може да се претстави и како нов чекор во процесот на децентрализација-негово проширување и продлабочување. Покрај надлежностите што општините ги остваруваат веќе четири години, тие сега се значаен субјект и во планирањето на развојот, не само на сопствената општина туку и на развојот на државата, преку развојот на регионите. Регионалниот развој е нова политика која што има за цел да ја зголеми конкурентноста и атрактивноста на секој од регионите, преку зајакнување на капацитетите за планирање на развојот и имплементација на конкретни проекти што ќе бидат финансирани од буџетот на државата, но и од други извори на средства. Улогата на Центрите е токму тоа – да ги имплементираат стратешките документи преку подготовка и реализација на одржливи и конкурентни проекти кои што ќе можат да си обезбедат домашна, но и европска финансиска подршка, рече во своето обраќање министерот за локална самоуправа, Муса Џафери.
alt
Главен подржувач на регионалнит развој во овој и во уште три плански региони е германската влада преку проектот ГТЗ РЕД.
- Ова е значаен чекор напред и покажува дека законот за рамномерен регионален развој навистина се имплементира, изјави заменик амбасадор на Германија во Македонија Елизабет Мидер. Во наредните четири години ГТЗ РЕД ќе инвестира три милиони евра за отворање на осум регионални центри во Македонија, чија основа цел е стимулирање на развојот и поголемо искористување на природните капацитети. Функционирањето на овој и на Центрите во другите плански региони во наредните пет години ќе биде подржано од Владата со 50 насто од потребните средства. Источниот плански регион опфаќа единаесет општини, со над 180 000 жители.
alt
 
 
You are here: