Планирањето на регионалниот развој се врши со плански документи. Плански документи за регионален развој се:
- • Стратегијата за регионален развој на Република Македонија и
- • Програма за развој на планскиот регион
За спроведување на Програмата за развој на Источниот планскиот регион 2009 - 2013 се донесува годишен акционен план.
Во акциониот план се специфицирани областите и стратешките цели со конкретно планирани активности, временската рамка, носителите на активности и потребните финансиски средства за нивна реализација.
Акциониот план за 2009 за реализација на Програмата за развој на Источниот плански регион 2009 - 2013 година започна да се имплементира. До крајот на третото тримесечие на тековната година треба да биде изработен Акциониот план за 2010 како предлог-акционен план за имплементација на Програмата за развој на Источниот планскиот регион. Предлог Акциониот план го изработува Центарот за развој на Источен плански регион, а го донесува Советот за развој на Источниот планскиот регион.














