RDC Southeast

    Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Легислатива

Е-пошта Печати PDF

За потребите на планирањето на регионалниот развој и реализацијата на мерките и инструментите за поттикнување рамномерен регионален развој се воспоставуваат плански региони, а во Република Македонија се воспоставени осум такви плански региони секој со свој Центар за развој на планскиот регион. Планирањето на регионалниот развој се врши со плански документи и тоа Стратегијата за регионален развој на Република Македонија на национално ниво и секако Програма за развој на планскиот регион која ја донесува секој плански регион посебно во согласност со Стратегијата и програмските документи за интеграција на Република Македонија во Европската унија, а изработена од страна на Центрите.

Носители на политиката за поттикнување рамномерен регионален развој се:

·         Владата на Република Македонија,

·         Советот за рамномерен регионален развој на Република Македонија,

·         Министерството за локална самоуправа и

·         Советот за развој на планскиот регион.

Во планирањето на регионалниот развој и спроведувањето на планските документи за регионален развој учествуваат

·         Бирото за регионален развој

·         Центрите за развој на планските региони.

Целата структура на носителите и извршителите на политиката за регионален рамномерен развој може и графички да се прикаже:



Превземи го Законот за рамномерен регионален развој во pdf формат

 

 
You are here: Дома Легислатива