Врз основа на првиот објавен меѓународен Јавен повик за конкурентен дијалог за финансирање, проектирање, изградба и управување со регионалната депонија за комунален цврст отпад во Југоисточниот плански регион - Прва фаза, во Република Македонија.
На 07.06.2010 година во 12.00 часот во Домот на АРМ - Струмица, се одржа Јавното отварање на поднесените пријави за учество по првиот објавен меѓународен Јавен повик за конкурентен дијалог за финансирање, проектирање, изградба и управување со регионалната депонија за комунален цврст отпад во Југоисточниот плански регион - Прва фаза, во Република Македонија.
На објавениот меѓународен јавен повик беа поднесени 8 (осум) пријави за учество.
При разгледувањето на пријавите за учество и поднесената документација, од страна на Комисијата за доделување на концесија за финансирање, проектирање, изградба и управување со регионална депонија за комунален цврст отпад во Југоисточниот плански регион беше констатирано, дека во понатамошната постапка на евулација на истата документација, ќе се разгледуваат 7 (седум) пријави за учество, додека едната пријава беше отфрлена како неправилно доставена. Во краток период, се очекува Комисијата да ги објави и резултатите кои компании се квалификувале во втората фаза од Конкурентниот дијалог.







Past projects