RDC Southeast

    Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Повик за финансирање на кластерски иницијативи

E-mail Print PDF

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со ГТЗ Програмата за Регионален економски развој (РЕД) согласно целите за поддршка на стратешки економски сектори објавува:

Повик
за финансирање на кластерски иницијативи

Предлог проектите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • - Целите на предлог проектот да се совпаѓаат со стратешките приоритети на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион;
  • - Да промовираат соработка и заеднички активности во определен сектор (најмалку седум приватни компании или индивидуални претприемачи и една партнерска организација од јавниот или граѓанскиот сектор, треба да бидат вклучени во подготовката и/или спроведувањето на проектот и/или неговото кофинансирање);
  • - Да се насочени кон постигнување на оддржливи економски резултати со јасни и мерливи индикатори;
  • - Спроведувањето на проектот да биде завршено до 31.12.2010 година.

Подносителот на проектот да биде регистриран на територијата на Југоисточниот плански регион во една од десетте општини на регионот (Богданци, Босилово, Валавдово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица).

Заинтересираните субјекти треба да ги достават следните документи при аплицирање:

  • - Пополнет Образец за предлог проект и
  • - Копија од судско решение за регистрација на кластерот или компанијата што ги застапуваат.

Може да биде избран најмногу еден предлог проект поднесен од еден субјект.
Максималниот износ за финансирање на еден проект од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион е 600.000,00 денари.

За проектите задолжително е кофинансирање во износ од најмалку 25% од вкупната вредност на проектот.
Предлог проектите треба да се подготват според Образецот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Пријавите може да се достават по електронски пат, по пошта или лично да се предадат во затворен плик во канцеларијата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на следнава адреса:
Центар за развој на Југоисточен плански регион
ул: Боро Џони бр. 10
2400 Струмица
Македонија
е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it ;


Со назнака за: Проекти за кластерски иницијативи 2010 (НЕ ОТВАРАЈ)

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 30 Јули 2010 година (петок) до 16:00 часот. Сите пријави, испратени по пошта или доставени лично, по наведениот датум и час нема да бидат земени во предвид.

Дополнителни информации можат да се добијат во канцеларијата на Центарот за Развој на Југоисточниот плански регион.


Контакт лице:
Ристо Чивчиев
Т: +389 34 340 139
Моб: +389 70 238 949
Е: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it ;

 

Јавен повик

Апликациона форма


 

 
You are here: Дома Past projects