На 18 ноември во Струмица се одржa втората работна средба за воспоставување на Мрежата од општински експерти за проекти и програми од 26 општини од прекуграничниот регион помеѓу Република Бугарија и Република Македонија во рамките на проектот „Создавање на прекугранична мрежа помеѓу општинските експерти за програми и проекти во прекуграничниот регион - ПМ-НЕТ“.
Овој проект е финансиран од Првиот повик на IPA Cross-Border Programme (CCI Number: 2007CB16IPO007). Партнери во проектот се Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Струмица, Република Македонија и Асоцијацијата на Југозападни општини, Благоевград, Република Бугарија.
На оваа средба општинските експерти разменија искуства во однос на аплицирање и имплементација на меѓународни проекти се разговара за правилата на мрежата ПМ-НЕТ. Колегите од општините имаа
можност да ги дадат своите забелешки во однос на правилата и на крај истите беа едногласно усвоени со забелешка дека се динамични и можат да претрпат измени во текот на работењето на мрежата.
Следната средба ке се одржи во текот на месец декември при што ќе се одржи првата обука на експертите за користење на софтверот за Проектен менаџмент.






