RDC Southeast

    Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Јакнење на капацитетите на партнерите на регионално оперативно ниво

E-mail Print PDF

altПрограмата за Регионален Економски развој во Македонија (ГИЗ РЕД) во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во месец декември организира две обуки - Првите модули во рамките на серијата обуки за јакнење на капацитетите на партнерите на регионално оперативно ниво.

На првата обука „Јакнење на капацитетите на партнерите на регионално оперативно ниво и невладиниот сектор“ со тема „Вовед во регионален развој/ регионален менаџмент“ присуствуваа претставници од Невладиниот сектор од Југоисточниот регион. Втора обука за „Јакнење на капацитетите на партнерите на регионално оперативно ниво за поддршка на бизнис altсекторот“ со тема „Стратешко планирање“ беше организрана за институциите кои даваат услуги и работат во областа на подршка на МСП.

 
You are here: