RDC Southeast

    Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Second

E-mail Print PDF

 

Втората Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион се одржа на 17.07.2009 година во просториите на општина Валандово.

Како главна точка на дневниот ред на оваа седница беше донесување на Одлука за реализација на регионални проекти од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион од средствата добиени од страна на Министерството за локална самоуправа во декември 2008 година, согласно доставените предлог регионални проекти од општините и Акциониот план за 2009 година за реализација на  Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2009-2013 година.

По конструктивната дискусија и голем број предлози за проекти кои се доста важни за развој на целиот регион, Советот за развој на Југоисточниот плански регион едногласно донесе одлука дека предлогот проектите за изработка на физибилити студија за Регионална Депонија Доброшинци и уредувањето на кејот на Дојранското Езеро се од приоритетно значење и треба да се операционализираат.

.

 

 
You are here: