RDC Southeast

    Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Трета Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

E-mail Print PDF

Третата Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион се одржа на 04.09.2009 година во просториите на општина Босилово. Со седницата преседаваше Претседателот на Југоисточниот плански регион Г-н Николче Чурлиновски. 

 Меѓу другите точки на дневен ред на оваа седница како приоритет беа Утврдување на годишна листа на предлог-проекти за развој на Југоисточниот плански регион со кои Центарот ќе аплицира за средства од Бирото за регионален развој по двете програми за атрактивни плански региони и рамномерен регионален развој и донесување на Одлука за поднесување на истоветна Иницијатива за меѓуопштинска соработка за воспоставување на регионален систем за управување со цврст отпад во Југоисточниот плански регион за донесување од страна на Советите на општините од регионот.

Покрај ова раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-а Жулиета Ѓуркова ги информираше градоначалниците за активностите за воведување на интегриран систем за управување со комуналниот отпад во Југоисточниот плански регион.

 

 
You are here: