Во текот на септември, како резултат на патувањето на претставник од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во Хрватска на настанот “PREPARE Gathering” и воспоставените контакти, се потпишаа два Меморандуми за соработка.
Овие Меморандуми на соработка се помеѓу Центарот за одржлив развој „АЛКА“ и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион како и меѓу Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и ФАГРИКОМ – Земјоделски маркетинг и рурален развој. Заедничката соработка е во насока на градење на капацитетите на локално и регионално партнерство, мобилизација на потенцијалите и развивање на одржливи стратегии за решавање на проблемите.
На 17.09.2009 година исто така Центарот за развој на Југоисточниот плански регион потпиша Меморандум за соработка и со Милиеуконтакт Интернационал и НВО Коцка – тренинг центар за парнерство во имплеметација на десет Зелени Агенди (ЗА) во десет населени места, по едно од секоја од десетте општини во регионот. Зелената Агенда е еден од проектите со кои Центарот аплицира за средства од Бирото за регионален развој.





