RDC Southeast

    Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

WWW. INFOAGRI.NET

E-mail Print PDF

altЦентарот за развој на Југоисточниот плански регион – Струмица и АГРИ ИНФОНЕТ ДОО – Скопје, на ден 18.02.2010 година склучија Меморандум за соработка за реализација на Проектот „ИНФОАГРИ“, прв и единствен Интернет портал - електронски информатор. WWW. INFOAGRI.NET помага за пласирање и продажба на производи од земјоделство, шумарство, ветеринарство и сродните области, со примена на информатичката технологија.

Целта на Проектот е насочена кон формирање на функционален самоодржлив Портал, кој ќе биде корисен за оние кои нудат или бараат производи и услуги во тие области, но и за фирми, институции и други кои се упатени или имаат одредени релации со тој сектор од стопанството.
Двете страни на овој начин се согласени да работат на реализација на Проектот, пред се во доменот на неговата презентација и афирмација во областа на земјоделството и сродните области во општините од Југоисточниот плански регион на Република Македонија.alt

Во месец Март се одржа работилница со вработените во одделенијата за локален економски развој од општините од регионот, на која се изврши презентација на Порталот за е-аукција на понудата и побарувачката во областа на земјоделството односно на земјоделските производи (за сите гранки ), услугите во земјоделството и др. гранки ( шумарството, ветеринарството и др.), при што беше договорено и општините се вклучат во понатамошните активностите во претставувањето на порталот.

Учесници на работилниците - презентациите се: земјоделски производители, зруженија, сојузи на примарните производители, откупувачи , преработувачи и добавувачите на репроматеријали и земјоделски машини.

Првата работилница – презентација на Порталот се одржа во Општина Богданци по покровителство на гарадоначалникот г-дин Ристо Ичков. Во тек се и другите презентации во другите општини од регионот. Претставувањето на Интернет портал - електронски информатор WWW. INFOAGRI.NET во сите општини е планирано да заврши до 15.04.2010 година.
 

 
You are here: Дома