RDC Southeast

    Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Можни инструменти за поддршка на вработување на млади луѓе и жени во Република Македонија на локално и регионално ниво

E-mail Print PDF

alt

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во соработка со ГТЗ РЕД и ПСМ Фондацијата, на 27.05. 2009 година одржа работилница - семинар на тема “Можни инструменти за поддршка на вработување на млади луѓе и жени во Република Македонија  на локално и регионално ниво“.

Целна група на семинарот беа млади и жени, а додека целта беше:

  • заедничко размислување и дискусија за потребите за вработување на младите и жените на локално и регионално ниво во РМ;
  • разгледување на моменталната состојба
  • констатирање на предизвиците
  • размислување за можни мерки (за вработување на млади и жени) на локално и регионално ниво
  • заклучоци, препораки за употреба на можни меркиalt

         Според Наоди од основната анализа на ГТЗ за невработеност во РМ во 2008 година, стапката на невработеност кај жените е повисока и таа изнесува  38%  од генералната стапка на   невработеност која е 33,8%, а стапката на невработеност на млади   изнесува 56 % од генералната стапка на невработеност.

Затоа, ГТЗ и ПСМ во соработка со Центрите за развој на планските   региони ќе оддржат семинари во Југоисточниот, Источниот,   Југозападниот и Полошки регион.

Заклучоците од дискусиите и размислувањата од семинарите ќе   бидат искористени при изготвувањето на мерки и програми за   поттикнување на вработувањето на младите и жените. Во иднина ќе   следи обука за изработка на бизнис планови и околу 15 од нив како   најуспешни, ќе бидат подржани и финансирани од страна на ГТЗ РЕД.

 

 

 

 

 

 

Last Updated ( Wednesday, 17 June 2009 08:12 )  
You are here: