RDC Southeast

    Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Конститутивна седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

E-mail Print PDF

На 14.05.2009 година во хотел „Сириус “ Струмица, се одржа Првата (конститутивна) седница на вториот по ред Совет за развој на Југоисточниот плански регион, при што се верификува мандатот на членовите на советот.

Во текот на седницата се изврши избор на претседател на Советот и едногласно од страна на членовите на советот е избран г-дин Николче Чурлиновски гарадоначалник на општина Валандово, при што и формално се изврши примопредавање на функцијата од страна на предходниот претседател на советот г-дин Зоран Заев, Грaдоначалник на општина Струмица.
Во наредниот период во Заедничкиот комитет за следење на ИПА Пркугранична програма меѓу Република Македонија и Република Грција, Југоисточниот плански регион ќе го преставува г-дин Љупчо Колев, Градоначалник на општина Босилово, а за негов заменик Советот го определи г-дин Иван Франгов, Градоначалник на општина Гевгелија.
Во продолжение на седницата од раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион г-а Жулиета Ѓуркова, го запозна новиот состав на Советот со активностите кои беа реализирани од страна на Центарот и ги истакна активностите кои претстојат за наредниот период.
По завршување на седницата на Советот за развој на Југоисточниот регион се одржа и Шеснаесето Собрание на Градоначалниците од Источниот и Југоисточниот плански регион (Брегалничко - Струмички регион), во соработка ГТЗ РЕД програмата за регионален развој во Република Македонија.

Last Updated ( Tuesday, 09 June 2009 15:46 )  
You are here: