На 28 септември во Пехчево се одржа Седумнаесетото (XVII) собрание на градоначалниците од Брегалничко-Струмички регион во организација на ГТЗ РЕД.
На ова Собрание беше дадена ретроспектива на студиското патување на Градоначалниците во Германија и резиме од позитивните примери кои Градоначалиците имаа можност да ги видат во Германија.
Исто така Градоначалниците имаа можност од експертот и консултант од Германија Уве Крапиц да слушнат за можностите за финансирање на регионалниот развој.
Покрај другите активности двата Центри од Југоисточниоти и Источниот плански регион имаа можност пред градоначалниците и пред претставниците од ГТЗ РЕД да презентираат предлог проекти кои понатаму би се финансирале со 50% од ГТЗ РЕД и 50% од страна на Единиците на Локална Самоуправа инволвирани во проектот. Овие проекти беа развиени од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во текот на месец септември. Кој од предложените проекти ќе биде финансиран зависи од одлука на Советот за развој на Југоисточниот плански регион која ќе се донесе на следната седница.





