Изградбата на пречистителната станица во с. Едрениково, општина Василево е завршена и на 6 декември 2019 година беше извршен технички прием и пробно пуштање во употреба на истата во присуство на претставници на производителот на опремата, на изведувачот, надзорниот орган, Центарот за развој на ЈИПР како партнер во проектот и претставници од општина Василево.

 

 


Вредноста на оваа пречистителна станица е околу 170.000 швајцарски франци, ќе работи врз база на најефикасна и најсовремена биолошка технологија, а ќе обезбеди одржливи услуги за третман на отпадните води за 500 луѓе.


Пречистителната станица заедно со канализационата мрежа во с. Едрениково која беше изградена во рамките на истиот проект претставува еден функционален систем за собирање и прочистување на отпадните води од сите домаќинства во с. Едрениково, со што во ова населено место комплетно е решен проблемот со собирање и третман на отпадните води од домаќинствата.


Оваа е втора по ред пречистителна станица после станицата во с. Ново Коњарево, о. Ново Село, која е изградена во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица“ која ќе придонесе кон остварување на главната цел на проектот, а тоа е да се овозможи чиста животна средина за сите жители во овој регион.
Проектот „Управување со сливот на река Струмица“ се имплементира од страна на УНДП во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, МЖСПП, општините од Сливот и други, со финансиската поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка. 

Funds

Instrument for Pre-Accession Assistance (IPA) is part of the package for external relations. IPA and other elements of the package are a great opportunity for streamlining and simplifying the procedures of the European Commission and improving the coherence and coordination of the activities of the Commission.

More about EU IPA funds

Go to top