Центарот за развој на Југоисточниот плански регион доби Благодарница за успешна соработка со општина Василево.

По повод 23-годишнината од постоењето на општина Василево, на 16 декември 2019 година се одржа Свечена Седница на којашто Градоначалникот на Општина Василево Г-н Марјан Јанев, на свеченоста врачи Благодарница на Г-а Жулиета Ѓуркова, раководител на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за особен придонес во развојот и промоцијата на Општина Василево.

 

 

 

Општина Василево се наоѓа во Југоисточниот регион во Република Северна Македонија. Општина Василево и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион имаат повеќе од десет години успешна и плодна соработка во реализирањето на проекти за доброто и развојот на општината и ваквата соработка ќе продолжи во иднина.

Доделената Благодарница на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион е доказ за максималниот труд којшто целиот тим од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го вложува во работата, а воедно претставува и обврска за Центарот да продолжи да го негува развојот на Општина Василево и останатите општини во Југоисточниот регион.

Funds

Instrument for Pre-Accession Assistance (IPA) is part of the package for external relations. IPA and other elements of the package are a great opportunity for streamlining and simplifying the procedures of the European Commission and improving the coherence and coordination of the activities of the Commission.

More about EU IPA funds

Go to top