Претставници од единиците на Цивилната заштита на град Краљево заедно со претставници од Регионалниот центар за управување со кризи Струмица, Дирекцијата за заштита и спасување Струмица и Црвен Крст Струмица денес беа во работна посета на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

 

 

Целта на посетата беше вмрежување, поврзување и споделување на добри практики врз основа на проектот „Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа“ - SEE URBAN, поддржана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Присутните на работната посета во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион имаа можност да се информираат за веќе имплементираните проекти, долгогодишната добра соработка којашто Центарот ја има со УНДП, резултатите од веќе реализираните проекти со приоритетни оски заштита, спасување и справување со кризи како и презентирање на проекти од оваа област кои се во тек, како проектот Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош – HELP кој вклучува дизајн на кластер од контејнери за извршување на клучни операции за олеснување при справување со катастрофи.

Посетата на Претставниците од Краљево, Република Србија ќе заврши утре со акција вежба спасување од непристапен терен на планина, а учесници на самиот настан ќе бидат и Црвен Крст, Охрид. Вежбата ќе се изведува во 10 часот на св.Илијски порој под трим патека на место св.Илија во Струмица.

Funds

Instrument for Pre-Accession Assistance (IPA) is part of the package for external relations. IPA and other elements of the package are a great opportunity for streamlining and simplifying the procedures of the European Commission and improving the coherence and coordination of the activities of the Commission.

More about EU IPA funds

Go to top