Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регионалниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на Југоисточниот плански регион.

Повеќе за Центарот

Легислатива

За потребите на планирањето на регионалниот развој и реализацијата на мерките и инструментите за поттикнување рамномерен регионален развој се воспоставуваат плански региони, а во Република Македонија се воспоставени осум такви плански региони секој со свој Центар за развој на планскиот регион. Планирањето на регионалниот развој се врши со плански документи и тоа Стратегијата за регионален развој на Република Македонија на национално ниво и секако Програма за развој на планскиот регион која ја донесува секој плански регион посебново согласност со Стратегијата и програмските документи за интеграција на Република Македонија во Европската унија, а изработена од страна на Центрите.

Носители на политиката за поттикнување рамномерен регионален развој се:

  • Владата на Република Македонија,
  • Советот за рамномерен регионален развој на Република Македонија,
  • Министерството за локална самоуправа и
  • Советот за развој на планскиот регион.

Во планирањето на регионалниот развој и спроведувањето на планските документи за регионален развој учествуваат:

  • Бирото за регионален развој
  • Центрите за развој на планските региони.

Целата структура на носителите и извршителите на политиката за регионален рамномерен развој може и графички да се прикаже:



Превземи го Законот за рамномерен регионален развој во pdf формат

Timeless брошура

timeless3a

Понуда 365

offer1a

Лифлет за Центарот

giz1a

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top