Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регионалниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на Југоисточниот плански регион.

Повеќе за Центарот

За Центарот

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион  е еден од осумте центри во Република Македонија формиран според Законот за рамномерен регионален развој, опфаќа 10 општини од регионот, се простира на територија од 2835 км2, со население од 171 416 жители.

Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регионалниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на Југоисточниот плански регион.

Политиката на регионалниот развој на Југоисточниот регион е систем на цели, инструменти и мерки насочени кон намалување на регионалниот диспаритет и остварување на рамномерен и одржлив регионален развој, зголемување на конкурентноста на планските региони преку јакнење на нивниот иновациски капацитет, оптимално користење и валоризирање на природното богатство, човечкиот капитал и економските особености на различните региони, зачувување и развивање на посебниот идентитет на планските региони, како и нивна афирмација и развој, ревитализација на селата и развој на подрачјата со специфични развојни потреби, поддршка на меѓуопштинската и прекуграничната соработка на единиците на локалната самоуправа во функција на поттикнување рамномерен регионален развој и подигнување на квалитетот на живот на сите граѓани во регионот.

Центарот за развој на планскиот регион ги врши следниве работи:

  • ја изготвува предлог-програмата за развој на планскиот регион,
  • изготвува предлог-акционен план за имплементација на Програмата за развој на планскиот регион,
  • подготвува предлог-проекти за развој на планскиот регион и за подрачјата со специфични развојни потреби,
  • ги координира активностите поврзани со имплементацијата на Програмата за развој на планскиот регион и ги реализира проектите за развој на планскиот регион,
  • oбезбедува информации до заинтересираните страни за текот на реализацијата на Програмата за развој на планскиот регион и други прашања поврзани со регионалниот развој,
  • oбезбедува стручна и техничка помош за единиците на локалната самоуправа при подготовката на нивните програми за развој,
  • обезбедува стручни услуги на здруженија на граѓани и други заинтересирани страни за подготовка на проекти од областа на регионалниот развој,
  • ја поттикнува меѓуопштинската соработка во рамките на планскиот развој,
  • спроведува проекти за поттикнување на развојот на планскиот регион, финансирани од фондовите на Европската унија и други меѓународни извори,
  • врши промоција на развојните можности на планскиот регион и
  • врши стручни и административно-технички работи за потребите на советот за развој на планскиот регион.

Timeless брошура

timeless3a

Понуда 365

offer1a

Лифлет за Центарот

giz1a

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top