Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регионалниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на Југоисточниот плански регион.

Повеќе за Центарот

MK

Logo PARKЦентарот за доживотно учење (Ниво 2) во Регионот Централна Македонија и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го имплементираат проектот „Вмрежување на МСП од Креативна индустрија во прекуграничниот регион" – ПАРК. Во рамките на проектот планирано е да се имплементираат една студиска посета и тркалезна маса во Грција и една студиска посета и форум во Р. Македонија.

Повеќе: ОГЛАС ЗА УЧЕСТВО НА СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ПАРК“

На 13 февруари 2020 година, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на две локации ги промовираше проектите: „Заеднички работен простор – средство за зајакнување на соработката со бизнис секторот“ и „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“, реализирани со финансиска поддршка од Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

 

Повеќе: Промоција на проектите финансирани од Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството...

Број на оглас: 12708/2020

ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Центар за развој на Југоисточниот плански регион Струмица
I.1.2) Адреса: Бул.Маршал Тито бр.1-1
I.1.3) Град и поштенски код: Струмица 2400
I.1.4) Интернет адреса:
I.1.5) Лице за контакт: Данче Поп Иванова Илиева , адреса на е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
телефон/факс: 071/364-934/
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат:
На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Правни лица основани за задоволување на потребите од јавен интерес – Член 9 став 1 алинеја б) од
Законот - Друго

ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
Набавка на телекомуникациска услуга - мобилна телефонија
II.1.1) Проценета вредност без ДДВ: 300.000,00
II.2) Вид на договорот за јавна набавка: Услуги - Категорија на услуга број: 5 Телекомуникациски услуги
Консултантски услуги Не
Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: Центар
за развој на Југоисточниот плански регион - Струмица
II.3) Секторски договор Не
II.4) Централно тело Не
II.5) Групна набавка Не
II.6) Електронски каталог: Не
II.7) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Детален опис на предметот на договорот е
даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерската документација
II.8) Заеднички поимник за јавни набавки: Да
Основен предмет на јавната набавка-Главен поимник
Шифра Опис
64200000-8 Телекомуникациски услуги
II.9) Делива набавка Не
II.10) Рамковна спогодба: Не
II.11) Алтернативни понуди Не
II.12) Времетраење на договорот:
Период во месеци: 24
или 730 денови
II.13) Претходна проверка на пазарот? Не

ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1) Вид на постапка: Набавки од мала вредност
III.2) Постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со скратени рокови: Не
III.3) Критериум за доделување на договор: Најниска цена
III.4) Електронска постапка? Да
III.5) Електронска аукција Да

ДЕЛ IV: ПРАВНИ,ЕКОНОМСКИ,ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1) Гаранции и авансно плаќање
IV.1.1) Изјава за сериозност: Да
IV.1.2) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Не
IV.1.3) Авансно плаќање: Не
IV.1.4) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на
договорот (по извршен избор на најповолна понуда): Не
IV.1.5) Резервирани договори Не
IV.2) Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот
IV.2.1) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор
- Документ за регистрирана дејност: Документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран
како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна
набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на
земјата каде што е регистриран.

ДЕЛ V: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
V.1) Услови за доставување на понудите
V.1.1) Понудите/планови да се достават најдоцна до: 14.09.2020 година во 11:00 часот
V.1.2) Краен рок за поставување прашања: 10.09.2020 година во 15:30 часот
V.1.3) Краен рок за одговор на прашања: 12.09.2020 година во 15:30 часот
V.2) Период на важност на понудата: 30 дена
V.3) Услови за отворање на понудите
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на
понудите
14.09.2020 година во 11:00 часот , место: Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, на бул
Маршал Тито бр. 1-1 во Струмица.
V.4) Дополнителни информации
V.5) Датум на објава: 07.09.2020 година

ДЕЛ VI: ДОКУМЕНТИ

ДЕЛ VII: ПОНИШТУВАЊА

ДЕЛ VIII: ПРИЛОЗИ

ДЕЛ IX: ИЗВЕСТУВАЊА ЗА СКЛУЧЕН ДОГОВОР / ЕВИДЕНЦИИ
Известувања за склучен договор
Известувања за измена за склучен договор:

ДЕЛ X: ИЗБРАНИ КАТЕГОРИИ НА КОИ И ПРИПАЃА ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА
- Информатички и телекомуникациски производи (хардвер и софтвер), компјутерски потрошен материјал и
поврзани услуги

ДЕЛ XII : ГОДИШЕН ПЛАН НА ОГЛАСОТ

 

 

Се известуваат граѓаните од општините Дојран и Гевгелија дека четвртото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 06.10.2020 година, со следниот распоред:

  

Повеќе: Четврто прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините Дојран и Гевгелија

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион  е еден од осумте центри во Република Северна Македонија формиран според Законот за рамномерен регионален развој, опфаќа 10 општини од регионот, се простира на територија од 2835 км2, со население од 171 416 жители.

Повеќе: За Центарот

Инструмент за претпристапна помош – ИПА (2007-2013) 

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на конхерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Основната цел во текот на дизајнирањето на ИПА беше да се осовремени целокупната претпристапна помош под една единствена рамка, и да се обединат под иста регулатива и земјите кандидатки за членство (Хрватска, Турција и Република Северна Македонија) и земјите потенцијални кандидатки за членство (Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора).

Така, ИПА ги замени инструментите: Помош за Полска и Унгарија за економска реконструкција (Фаре), Инструмент за структурни политики за претпристапување (ИСПА), Специјална програма за пристапување за земјоделство и рурален развој (САПАРД) и Инструментот за претпристапување на Турција, како и Помош на Заедницата за реконструкција, развој и стабилност (КАРДС).

Правната основа за ИПА е дефинирана со Регулативата (EЗ) бр. 1085/2006 НА СОВЕТОТ од 17 јули 2006 година, која го воспостави Инструментот за претпристапна помош (ИПА) во обид да се подобри ефикасноста на надворешната помош на Заедницата. Со цел подетално регулирање на процесот на спроведување на ИПА, e изготвена една единствена регулатива за спроведување што ќе ги опфаќа сите пет компоненти од Регулативата за ИПА, имајќи ги предвид посебните карактеристики на поединечните компоненти на ИПА: а тоа е Регулативата (ЕЗ) бр. 718/2007 од 12 јуни 2007 година за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1085/2006 на Советот за воспоставување Инструмент за претпристапна помош (ИПА).

Спроведувањето на ИПА подразбира Комисијата и земјите кориснички да потпишат рамковни спогодби (РС/FА) со цел да ги утврдат принципите на нивната соработка според оваа регулатива. РМ и ЕК потпишаа рамковна спогодба, која, исто така, е ратификувана од Собранието на РМ на 30.01.2008 година, а стапи во сила на 04.03.2008 година – за првите 4 компонети.

ИПА е сочинета од следниве 5 компоненти: 

Компонента 1 - Транзициска помош и институционална надградба
Компонента 2 - Прекугранична соработка
Компонента 3 - Регионален развој
Компонента 4 - Развој на човечки ресурси
Компонента 5 - Рурален развој
Стратегиска кохерентна рамка

Брошура - Зеднички работен простор

 

Број на оглас: 12510/2020

ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Центар за развој на Југоисточниот плански регион Струмица
I.1.2) Адреса: Бул.Маршал Тито бр.1-1
I.1.3) Град и поштенски код: Струмица 2400
I.1.4) Интернет адреса:
I.1.5) Лице за контакт: Јован Коцев , адреса на е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. телефон/факс: 034/340-139/
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат:
На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Правни лица основани за задоволување на потребите од јавен интерес – Член 9 став 1 алинеја б) од
Законот - Друго

ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
Изградба на локален пат за поврзување на населени места с. Бориево и с. Колешино - 2 фаза
II.1.1) Проценета вредност без ДДВ: 6.734.026,00
II.2) Вид на договорот за јавна набавка: Работи - Изведување
Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: Место
на извршување на работи е пат помеѓу с. Бориево во општина Босилово и с. Колешино во општина
Ново Село
II.3) Секторски договор Не
II.4) Централно тело Не
II.5) Групна набавка Не
II.6) Електронски каталог: Не
II.7) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: - За изградба на локален пат с. Бориево –
с. Колешино делница од км 1+200 до км 1+700 и делница од км 4+920 до км 5+411
II.8) Заеднички поимник за јавни набавки: Да
Основен предмет на јавната набавка-Главен поимник
Шифра Опис
45000000-7 Градежни работи
II.9) Делива набавка Не
II.10) Рамковна спогодба: Не
II.11) Алтернативни понуди Не
II.12) Времетраење на договорот:
Период во месеци: 2
или 60 денови
II.13) Претходна проверка на пазарот? Не

ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1) Вид на постапка: Поедноставена отворена постапка
III.2) Постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со скратени рокови: Не
III.3) Критериум за доделување на договор: Најниска цена
III.4) Електронска постапка? Да
III.5) Електронска аукција Да

ДЕЛ IV: ПРАВНИ,ЕКОНОМСКИ,ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1) Гаранции и авансно плаќање
IV.1.1) Изјава за сериозност: Да
IV.1.2) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Да [10.00 %]
IV.1.3) Авансно плаќање: Не
IV.1.4) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на
договорот (по извршен избор на најповолна понуда): Не
IV.1.5) Резервирани договори Не
IV.2) Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот
IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи
- изјава дека во последните 5 години не е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело од
член 88 став 1 од ЗЈН
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што
економскиот оператор е регистриран
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна
казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за
јавно-приватно партнерство
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна
казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност
- Уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на
професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност
IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор
- Документ за регистрирана дејност: - Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран
како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека
припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е
регистриран. -Лиценца Б за изведба на градби од втора категорија издадена од државен орган согласно
законот за градењe
IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор
- Извештај за билансот на состојба издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на состојба, или
извадоци од извештајот за билансот на состојба, во случаи кога објавување на билансот на состојба е
пропишано со закон во земјата каде што економскиот оператор е регистриран: - Минимален годишен
приход од 13.000.000,00 (тринаесет милиони) денари за последнитетри години (2017, 2018 и 2019 година).
IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор
- со опис на техничкиот персонал и техничките органи кои ќе учествуваат во извршувањето на јавната
набавка, особено на оние кои се одговорни за контролата на квалитетот, а во случај на јавна набавка на
работи, оние што ќе бидат вклучени во изведување на работите, без оглед на тоа дали се вработени во
економскиот оператор или не: - минимум 10 ВКВ или КВ работници кои ќе бидат вклучени во текот на
реализацијата за целото времетраење на договорот - минимум 2 инженери со овластување Б за инженер
за изведба на градби од втора категорија - минимум 5 ракувачи на машините наведени во тендерската
документација - минимум 5 асфалтерски работници
- со образовните и професионални квалификации на давателот на услуги или на изведувачот на работи или на
неговиот менаџерски кадар, под услов тие да не се евалуираат како критериум за избор на најповолна понуда:
- Овластување Б за најмалку 2 инженери за изведба на градби од втора категорија издадена од државен
орган согласно законот за градење
- со изјава за инструментите, постројките или техничката опрема, која давателот на услугите или изведувачот
на работите ја има на располагање за извршување на договорот: - минимум 5 камиони кипери со носивост
од минимум 15.000 кг - минимум 1 ровокопач (комбиниран) на гумени тркала со копање од длабочина
мин. 3м и височина на натоварување мин 3м, со додаток на машинска метла - минимум 1 вибро ваљак
метал – метал до 3 тона - минимум 1 вибро ваљак метал –гума до 7 тона - минимум 1 финишер за
вградување асфалт од 2,5м до 7 м - асфалтна база со А интегрирана еколошка дозвола - минимум 1
натоварувач со зафатнина на корпа од минимум 1м3
- со листа на работи, со приложување потврда за задоволителна изведба на најважните работи. Со цел да се
обезбеди соодветно ниво на конкуренција, договорниот орган може, доколку е тоа неопходно, да ги земе
предвид доказите за изведени работи пред повеќе од пет години, што го наведува во тендерската
документација: - да има реализирано најмалку 5 (пет) договори за извршени работи во градежништво од
ист вид со предметот на набавка (изградба и асфалтирање на улици, паркинзи или тротоари), во
последните 5 години (сметајќи 5 години до моментот на отварање на понудите, не календарски години),
од кои барем 3 (три) договори да се со поединечна вредност од минимум 10.000.000,00 (десет милиони)
денари
IV.2.5) Стандарди
- Стандарди за системи за квалитет: - Сертификат за стандард за систем на квалитетISO 9001: 2015 или
еквивалент
- Стандарди за управување со животна средина: - Сертификат за стандард за управување со животна
средина ISO14001:2015 или еквивалент - Сертификат за стандард за управување со безбедност и здравје
при работа ISO 45001:2018 или еквивалент

ДЕЛ V: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи
V.2) Услови за доставување на понудите
V.2.1) Понудите/планови да се достават најдоцна до: 17.09.2020 година во 11:00 часот
V.2.2) Краен рок за поставување прашања: 11.09.2020 година во 15:30 часот
V.2.3) Краен рок за одговор на прашања: 13.09.2020 година во 15:30 часот
V.3) Период на важност на понудата: 60 дена
V.4) Услови за отворање на понудите
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на
понудите
17.09.2020 година во 11:00 часот , место: Во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот
плански регион на бул. „Маршал Тито“, бр. 1-1 во Струмица
V.5) Дополнителни информации
V.6) Датум на објава: 02.09.2020 година

ДЕЛ VI: ДОКУМЕНТИ

ДЕЛ VII: ПОНИШТУВАЊА

ДЕЛ VIII: ПРИЛОЗИ

ДЕЛ IX: ИЗВЕСТУВАЊА ЗА СКЛУЧЕН ДОГОВОР / ЕВИДЕНЦИИ
Известувања за склучен договор
Известувања за измена за склучен договор:

ДЕЛ X: ИЗБРАНИ КАТЕГОРИИ НА КОИ И ПРИПАЃА ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА
- Градежни работи, работи поврзани со животната средина, комунални услуги, ХТЗ опрема/производи и
останати поврзани стоки/услуги

ДЕЛ XII : ГОДИШЕН ПЛАН НА ОГЛАСОТ

 

 

Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион, доколку има поволни временски услови ќе се изврши четврто прскање против возрасни комарци, со следниот распоред:

 

Повеќе: Четврто прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините во Југоисточниот плански регион

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Timeless брошура

timeless3a

Понуда 365

offer1a

Лифлет за Центарот

giz1a

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top