Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регионалниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на Југоисточниот плански регион.

Повеќе за Центарот

Компонента 1 - Транзициска помош и институционална надградба

Помошта од Европската унија преку оваа компонента е всушност помош за градење на капацитетите на институциите и поддршка за исполнување на критериумите поврзани со усвојувањето на правото на ЕУ. Таа претставува и фонд со кој ќе се покриваат мерки од компонентите 3, 4 и 5, а воедно, преку оваа компонента се поддржува учеството на Република Северна Македонија во програмите и агенциите на Заедницата. 

Финансиската помош од оваа компонента се реализира како национална и регионална.  

Национална програма - К1
Национална програма 

Националната програма ќе ги поддржува следните главни области на интервенција/ приоритетни оски:

  1. Добро раководење и владеење на правото/ политички критериуми,
  2. Економски развој и социјална кохезија,
  3. Способност за преземање на обврските за членство во ЕУ,
  4. Поддршка за подготвување програми и учество во програмите на Заедницата. 

Во рамките на првата област се поддржуваат реформите во јавната администрација; поддршка на процесот на децентрализација; преземање на заложбите од Спогодбата за стабилизација и асоцијација; еднаква застапеност согласно со Охридскиот рамковен договор; реформата на полицијата во исполнувањето на Националната стратегија за реформи во полицијата; реформите во судството; борбата против дрога, корупција; континуирано управување во областа миграција, азил и визен режим и во целосно исполнување на Стратегијата за интегрирано гранично управување.

Истовремено, преку компонентата 1 ќе се поддржат областите на финансиско управување и контрола, процесот на децентрализирано управување со фондовите на Европската унија и создавање на вистинско партнерство помеѓу управата и граѓанското општество.

Во рамките на втората област за економски развој и социјална кохезија ќе се поддржи заокружувањето на реформите за регистрација на земјиштето и недвижнините, зајакнувањето на катастарот, контролата и супервизијата на финансиските пазари и подобрувањето на административните капацитети во областа на фискалната политика (на локало и централно ниво). Воедно, ќе се поддржат и мрежното информатичко поврзување со даночните системи во Европската унија, креирањето на сеопфатна трговска политика на Република Северна Македонија, подобрувањето на регулаторната рамка за трговија и градење на капацитетите во областа на регионалната политика за спроведување на националните и регионални развојни планови. 

На крај, во однос на преземањето на обврските од идното членство во Европската унија, компонентата 1 ќе ги поддржи областите: внатрешен пазар и конкурентност, информатичко општество, статистика, заштита на потрошувачите и здравјето, заштита на животната средина и царинската управа. 

Процесот на програмирање на проектните фишеа под компонента 1 од ИПА се одвива на годишно ниво. Истиот се базира на Повеќегодишниот индикативен документ (МИПД) кој се одвива по правилото n+2.

Регионални и хоризонтални програми - К1
Регионални и хоризонтални програми

Освен Националната програма, во рамките на компонента 1 се врши и програмирање и на хоризонтални и регионални програми. Целта на овие програми е промоција на регионалната соработка и зајакнување на размената на култури и знаење помеѓу земјите кориснички, како и поддршка на иницијативи од заеднички интерес. Таа се фокусира на области како: демократија, стабилизација, политичка соработка, поддршка за спроведување на Пактот за стабилност за ЈИЕ, трошоци за функционирање на високиот претставник во Босна и Херцеговина, Сектор 4 за УНМИК во Косово и други меѓународни административни организации. Во рамките на оваа програма влегуваат и активностите ТАЕКС и СИГМА.

Исто како и програмирањето на сите компоненти на ИПА, и оваа активност се гради во рамките на Повеќегодишниот индикативен програмски документ наменет за повеќе корисници (Multi Beneficiary Multi Indicative Programming Document). Програмирањето и управувањето со Програмата се врши од страна на Европската комисија, Генералниот директорат за проширување. 

Регионалните и хоризонтални програми треба да бидат комплементарни на националните програми, и да можат да дадат поддршка во повеќе области и политики кои имаат регионално влијание. Активности како нуклеарна безбедност и радијациска сигурност, образование, даноци и царина, кои имаат директно национално влијание, ќе бидат програмирани во рамки на Регионалната и хоризонтална програма, но истите ќе бидат покриени од националниот пакет-средства, т.е од Националната програма за компонента 1.

Компонента 1 - Транзициска помош и институционална надградба
Компонента 2 - Прекугранична соработка
Компонента 3 - Регионален развој
Компонента 4 - Развој на човечки ресурси
Компонента 5 - Рурален развој
Стратегиска кохерентна рамка

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Timeless брошура

timeless3a

Понуда 365

offer1a

Лифлет за Центарот

giz1a

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top