Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регионалниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на Југоисточниот плански регион.

Повеќе за Центарот

Компoнента 2 – Прекугранична соработка 

Основна цел на компонентата за прекугранична соработка е да ја негува стабилноста, безбедноста и просперитетот што е заеднички интерес на засегнатите земји и да го охрабри прекуграничниот хармоничен, избалансиран и одржлив развој. Во рамките на втората компонента na ИПА, Република Северна Македонија ќе продолжи со прекуграничната соработка со земјите членки на ЕУ – Република Бугарија и Република Грција, која се одвиваше во рамките на програмата КАРДС. Воедно, во рамките на оваа компонента, Република Северна Македонија ќе оствари и прекугранична соработка со Република Албанија, а во блиска иднина и со својата северна граница. Конечно, Република Северна Македонија ќе учествува и во Транснационалната програма за Југоисточна Европа, продолжение на програмата КАДСЕС. 

Република Северна Македонија и Република Бугарија 

Специфични цели на Програмата се: забрзување на одржливиот економски развој во прекуграничниот регион, промоција на социјалната кохезија и прекугранична соработка, и развивање на привлечноста и квалитетот на живот во прекуграничната област. Заедничкиот технички секретаријат е лоциран во Ќустендил, а подрачната канцеларија е во Струмица. Во пограничниот регион учествуваат југоисточниот, североисточниот и источниот регион на македонска страна и округот на Благоевград и Ќустендил на бугарска страна. 

Република Северна Македонија и Република Грција 

Специфични цели на Програмата се: економски развој на пограничните региони; унапредување на инфраструктурата за туризам и транспорт, како и подобрувања на животната средина и активности од луѓето за луѓето. Заедничкиот технички секретаријат е лоциран во Солун, а подрачна канцеларија има во Битола. Во пограничниот регион се вклучени пелагонискиот, вардарскиот, југоисточниот и југозападниот регион на македонска страна и регионите на Лерин, Пела, Серес и Солун на грчка страна. 

Република Северна Македонија и Република Албанија 

Специфични цели на Програмата се: поттикнување на прекуграничниот економски, еколошки и социјален развој преку економски развој со акцент на унапредување на туризмот, одржлив развој на животната средина со акцент на заштитата, унапредувањето и управувањето на природните богатства и екосистеми и социјална кохезија и културна размена преку активности од луѓето за луѓето и од институции за институции. Заедничкиот технички секретаријат е лоциран во Струга, а подрачната канцеларија е во Елбасан. Во пограничниот регион се вклучени пелагонискиот, југозападниот и полошкиот регион на македонска страна и регионите на Дибер, Корча и Елбасан со на албанска страна.

Северна граница 

Во однос на северната граница, средствата за прекугранична соработка со северната граница за 2007 година се префрлени во Програмата со Албанија. Средствата за 2008 година се додадени кон компонента 1 – фише за интегрирано гранично управување. Веднаш по целосното созревање на условите за програмирање на Оперативна програма за северната граница, Република Северна Македонија ќе пристапи кон програмирање на Оперативната програма, со цел целата територија на Република Северна Македонија да биде вклучена во ИПА-прекугранична соработка.

Транснационална програма за Југоисточна Европа 

Транснационалната програма, главно, се фокусира на следните подрачја: иновации; животна средина; пристапност; одржлив урбан развој. Во рамките на глобалната цел на Програмата ќе се развиваат транснационални партнерства за работи од стратегиска важност заради подобрување на процесот на територијалната, економската и социјалната интеграција, и да се придонесе кон кохезија, стабилност и конкурентност.

Компонента 1 - Транзициска помош и институционална надградба
Компонента 2 - Прекугранична соработка
Компонента 3 - Регионален развој
Компонента 4 - Развој на човечки ресурси
Компонента 5 - Рурален развој
Стратегиска кохерентна рамка

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Timeless брошура

timeless3a

Понуда 365

offer1a

Лифлет за Центарот

giz1a

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top