Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регионалниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на Југоисточниот плански регион.

Повеќе за Центарот

Компонента 3 – Регионален развој 

Со компонентата за регионален развој се поддржуваат земјите за развој на политики, како и за подготовка за спроведување и управување со кохезивната политика на Заедницата, особено за нивна подготовка за Европскиот фонд за регионален развој и Кохезивниот фонд.

Цели на оваа компонента се:

  • Подготвување на земјите-кандидатки за програмирање, спроведување и управување со Структурниот фонд и Кохезивниот фонд.
  • Спроведување на проекти кои се во согласност со приоритетите на Заедницата и националните приоритети, особено во секторите на транспорт и животна средина.

Компонентата поддржува 3 главни области: транспорт, животна средина, регионална конкурентност, т.е.

  • Транспортна инфраструктура, која се фокусира на поврзување со ТЕН-Т мрежите;
  • Проекти од животната средина поврзани со управување со отпад, водоснабдување, градски отпадни води и квалитет на воздух, енергетска ефикасност, обновлива енергија и непречен урбан транспорт;
  • Преструктурирање на индустриските зони, вклучувајќи санација на загадените локации и земјиште;
  • Иновации и претприемништво, преку унапредување на малите и средните претпријатија (МСП), вклучувајќи зајакнување на регионалните капацитети за истражување и иновации, помош за унапредување на трансферот на технологии, развој на деловните мрежи и кластери;
  • Информатичко општество, вклучувајќи го развојот на локалните карактеристики, услуги и апликации, широко појасни мрежи, помош и услуги за МСП со цел да ги донесат и ефективно да ги применуваат информатичките и комуникациските технологии;
  • Социјална инфраструктура (образование и здравство), онаму каде што нивното отсуство претставува пречка за регионалниот развој.

Стратегиската цел на ОПРР е да се подобрат условите за одржлив развој на Република Македонија преку подобрување на транспортната и инфраструктурата на животната средина за подобра комуникација соседите, но и обезбедување на квалитет на животот и економски развој.

Компонентата се поддржува преку 40.5 милиони евра за период 2007-2009. Средствата ќе се искористат за четири приоритетни оски: 2 големи инфраструктурни проекти (Коридор 10 делница Демир Капија - Смоквица и Пречистителна станица за отпадни води во Прилеп); подготовка на проекти во делот на железницата (Студија за изводливост за модернизација на железницата) и техничка помош за подготовка на проекти.

Реализацијата на овие два проекта е значајна не само од аспект на искористување на средствата во ИПА Финансиската рамка 2007-2009, туку за потврда на капацитетите на Владата да реализира крупни инвестициски проекти, финансирани од ИПА (само за 2010 година, за инвестиции се предвидени 30 милиони евра), но и други донатори и меѓународни финансиски институции.

Компонента 1 - Транзициска помош и институционална надградба
Компонента 2 - Прекугранична соработка
Компонента 3 - Регионален развој
Компонента 4 - Развој на човечки ресурси
Компонента 5 - Рурален развој
Стратегиска кохерентна рамка

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Timeless брошура

timeless3a

Понуда 365

offer1a

Лифлет за Центарот

giz1a

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top