Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регионалниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на Југоисточниот плански регион.

Повеќе за Центарот

Компонента 5 – Рурален развој 

Целите на компонентата за рурален развој се: подобрување на пазарната ефикасност и примена на стандардите на Унијата; да поддржи подготвителни активности за примена на агроеколошките мерки и локалните стратегии за рурален развој и да поттикне развој на руралните економии. Владата на Република Македонија иницијално ги определи следниве сектори како приоритети кои ќе бидат поддржани со ИПАРД:

  • месо и млеко,
  • овошје и зеленчук и
  • грозје и вино.

Компонентата се однесува на следниве приоритетни оски:

Приоритетна оска 1 - Подобрување на конкурентност преку реструктурирање и воведување на стандардите на ЕУ: инвестиции на фарма и преработка и маркетинг

Приоритетна оска 2 - Диверзификација на економски активности во рурални средини: рурална диверзификација

Мерката инвестиции на фарма има за цел:

  • Mодернизација на фарми;
  • Примена на стандардите на ЕУ (хигиена, заштита на животната средина, благосостојба на животните).

Корисници:

Индивидуални фарми, земјоделски кооперативи, правни лица кои се занимаваат со земјоделска дејност, кои ги исполнуваат минимум националните стандарди за активноста за која аплицираат и кои ќе прикажат зголемена економска одржливост на крај од инвестицијата.

Поддршката се однесува за инвестиции во областа на лозарство и овоштарство, производство на зеленчук и одгледување на животни за производство на млеко и месо и за преработка/производство.

Мерката инвестиции во преработка и маркетинг има за цел:

  • Подигнување на нивото на конкурентност во и на секторот,
  • Примена на стандардите на ЕУ,
  • Фокус на мали и средни претпријатија.

Корисници:

Земјоделски кооперативи и правни лица кои се занимаваат со земјоделска дејност (мали и средни претпријатија), кои ги исполнуваат минимум националните стандарди за активноста за која аплицираат и кои ќе прикажат зголемена економска одржливост на крајот од инвестицијата.

Поддршката се однесува за инвестиции во областа на производство на вино (само во делот на финализација), преработка на овошје и зеленчук, производство на млеко и млечни производи и кланици; 

Мерката диверзификација на економски активности во рурални средини е отворена за индивидуални фарми, микропретпријатија, кои ги исполнуваат минимум националните стандарди за активноста за која аплицираат и кои ќе прикажат зголемена економска одржливост на крајот од инвестицијата. Поддршката се однесува за инвестиции во областа на рурален туризам, мали преработувачки капацитети на фарма за традиционални производи, занаетчиски дејности и услуги поврзани со земјоделството и руралната популација.

Компонента 1 - Транзициска помош и институционална надградба
Компонента 2 - Прекугранична соработка
Компонента 3 - Регионален развој
Компонента 4 - Развој на човечки ресурси
Компонента 5 - Рурален развој
Стратегиска кохерентна рамка

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Timeless брошура

timeless3a

Понуда 365

offer1a

Лифлет за Центарот

giz1a

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top