Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регионалниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на Југоисточниот плански регион.

Повеќе за Центарот

ПРОФИЛ

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион  е еден од осумте центри во Република Северна Македонија формиран според Законот за рамномерен регионален развој, опфаќа 10 општини од регионот, се простира на територија од 2835 км2, со население од 171 416 жители.

Повеќе: За Центарот

 Вработени во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

 

Жулиета Ѓуркова - Раководител на Центарот

Мима Станоевска – Раководител на одделение за имплементација на проекти и меѓународна соработка

Јован Коцев - Координатор за имплементација на проекти

Даниела Караристова – Администратор

Данче Поп-Иванова Илиева - Проектен асистент

Ивана Крстев - Проектен асистент

Марија Бандулова - Проектен асистент

 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Дијаграм ЦРЈИПР


Бул. Маршал Тито бр. 1-1

2400 Струмица

Тел. +389-34-340-139

Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

За потребите на планирањето на регионалниот развој и реализацијата на мерките и инструментите за поттикнување рамномерен регионален развој се воспоставуваат плански региони, а во Република Северна Македонија се воспоставени осум такви плански региони секој со свој Центар за развој на планскиот регион. Планирањето на регионалниот развој се врши со плански документи и тоа Стратегијата за регионален развој на Република Северна Македонија на национално ниво и секако Програма за развој на планскиот регион која ја донесува секој плански регион посебново согласност со Стратегијата и програмските документи за интеграција на Република Северна Македонија во Европската унија, а изработена од страна на Центрите.

Носители на политиката за поттикнување рамномерен регионален развој се:

  • Владата на Република Северна Македонија,
  • Советот за рамномерен регионален развој на Република Северна Македонија,
  • Министерството за локална самоуправа и
  • Советот за развој на планскиот регион.

Во планирањето на регионалниот развој и спроведувањето на планските документи за регионален развој учествуваат:

  • Бирото за регионален развој
  • Центрите за развој на планските региони.

Целата структура на носителите и извршителите на политиката за регионален рамномерен развој може и графички да се прикаже:



Превземи го Законот за рамномерен регионален развој во pdf формат

Југоисточниот регион е еден од осумте плански региони во Република Северна Македонија формирани согласно Законот за рамномерен регионален развој во 2007 година и претставува основна единица за планирање на развојот во Стратегијата за регионален развој.
Југоисточниот регион се протега на крајниот југоисточен дел на Република Северна Македонија и го опфаќа подрачјето на Струмичко - Радовишката и Гевгелиско - Валандовската котлина, односно долината на реката Струмица и долниот тек на реката Вардар. Географската поставеност на регионот ги опфаќа спомнатите котлини и масивите на планините Беласица на југ, Огражден на исток, Плачковица на север, Срта во централниот дел и источната страна на Кожуф планина. На југ граничи со Република Грција, на исток со Република Бугарија, а на север и запад со Источниот и Вардарскиот регион.
Регионот зафаќа површина од 2.835 км2, односно 10,9 % од вкупната површина на државата. Го сочинуваат вкупно 10 општини: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица, со вкупен број од 171.416 жители и густина на населеност од 63,2 жители на км2.

Карактеристично за Југоисточниот регион е тоа што во 2012 година е забележана највисока стапка на вработеност од 60,9% во споредба со другите региони и најниска стапка на невработеност од 13.8%. Просечната исплатена нето-плата по вработен во Југоисточниот регион во 2012 година изнесувала 16.600 денари, односно 79,4% од националниот просек. Југоисточниот регион учествува со 9,7% во формирањето на вкупниот БДП на Република Северна Македонија.

Поради специфичната географска и топографска положба Југоисточниот регион го карактеризираат долги топли лета со високо среднодневни температури и намалено годишно количество врнежи, намалени зимски температури и појава на ветрови од сите правци. Со околу 230 сончеви денови годишно овој регион е најсончев во земјата. Ваквите климатски услови се поволни за развој на земјоделството. Квалитетното и обемно производство на раноградинарски култури, свеж зеленчук и овошје, како и индустриски земјоделски култури, овозможува развој на конзервно-преработувачката индустрија на земјоделски производи, по што овој регион е препознатлив. Други значајни сектори се текстилната индустрија, тутунската, градежништвото, угостителството и трговијата. Иако доминира индустријата, со исклучително динамичниот раст сé позначајно учество имаат услугите, градежништвото и земјоделството. Во овој регион се креираат најголем број нови работни места чиj генератор се градежништвото, услугите и индустријата.
Југоисточниот регион располага со 120.583 (ха) земјоделска површина со вкупна обработлива површина од 56.907 (ха). Земјоделската површина во Југоисточниот регион изнесува 9.5% од вкупната земјоделска површина во Република Северна Македонија. Според површините пак под лозја Југоисточниот регион со 4.408 (ха), односно 20,7%, се наоѓа на второ место после Вардарскиот регион.

Во однос на патната мрежа Југоисточниот регион располага со најмала должина на локална патна мрежа од 957 км во однос на Полошкиот регон кој располага со локална патна мрежа од 1.381 км. Според бројот на легла Југоисточниот регион се наоѓа на трето место после Југозападниот и Пелагонискиот регион со 6.088 легла, а со 305.163 ноќевања учествува со 14,2 % во вкупниот број на ноќевања во Република Северна Македонија.

Овој регион е богат и со природни ресурси. Микро-регионот Радовиш и Конче се карактеризира со наоѓалишта на минерални неметални суровини како што се кварцот и глината. Од минералните метални суровини, во општина Радовиш се среќаваат железо и цинкова руда, бакар, злато, сребро, хром, ураниум, а во општина Конче се среќаваат варовник, мермери бакар. Во Струмичкиот микрорегион, рудникот за експлоатација на фелдспад „Хамзали", е од натриски карактер и е единствен во Република Северна Македонија и на Балканот. Рудникот за експлоатација на CaCO3 „Mемешли" е наоѓалиште кое во основа претставува мермеризиран варовник, и е едно од ретките во Република Северна Македонија. Испитувања се вршат на планината Огражден во непосредна близина на населеното место Иловица, каде постојат индикации за потенцијални наоѓалишта на руда (бакар и злато).

Регионот исто така располага и со термоминерален хидропотенцијал. На околу 12 км југоисточно од градот Струмица, под планината Беласица се наоѓаат термоминералните извори на Бања Банско. Од вкупно пет термоминерални извори, само едeн и тoa најголемиот, е стручно каптиран. Останатите четири слободно се изливаат без посебна каптажа. Температурата на водата во изворите е 71 °С во главниот извор и 56 °С во останатите. Во однос на минералниот состав, сите се со ист минерaлошки состав, што потврдува дека сите потекнуваат од еден ист извор. Во Гевгелискиот микрорегион, на 5 км северозападно од Гевгелија, на надморска височина од само 59 метри се наоѓаат Негорски Бањи. Таа е најниската бања во нашата земја со два извора - Врела Бања со температура од 40°С и Студена бања со температура на водата од 38°С. Водата во својот состав е богата со калциум, магнезиум,рубидиум, цезиум, радон и други минерали.

Од водените ресурси со кои располага Југоисточниот регион можат да се издвојат Смоларскиот водопад со височина од 39,5 метри и Колешинскиот водопад со височина од 15 м, и двата во Општина Ново Село. Исто така, регионот располага и со повеќе вештачки езера меѓу кои „Мантово" во општина Конче, „Турија" и „Водоча" во Општина Струмица, „Паљурци" во Општина Богданци. Природното Дојранско Езеро во Општина Дојран пак е едно од најубавите природни ресурси во Република Северна Македонија.

Во Југоисточниот регион постојат бројни познати историски локалитети и објекти што треба да се посетат. Археолошкиот локалитет „Исар" во с. Марвинци, потоа „Идомена" - подземен споменик на културата, „Стакина чешма" во Општина Валандово, археолошкиот локалитет „Страната", во близина на село Ангелци, како и црквата „Св. Петка" во селото Требичино, Општина Василево, археолошкиот локалитет Вардарски рид во Општина Гевгелија, Манастирот Свети Стефан во Општина Конче, археолошкиот локалитет„Црвено Поле" во близина на селото Барбарево, „Ќерамидарка" некропола од 11 век со околу 20 гробови со уникатен накит во селото Мокрино, Општина Ново Село, црквата „Светa Троица" во Општина Радовиш, Манастирската црква Света Богородица Милостива (Елеуса) во село Вељуса, комплексот цркви Св. Леонтиј во селото Водоча како и познатиот локалитет Цареви кули во општина Струмица се само дел од објектите кои го одбележуваат Југоисточниот регион.

Југоисточниот регион не изостанува и во одржувањето на културни и спортски настани, фестивали, изложби и претстави кои се организираат во голем број во текот на целата година. Некои од поважните настани се: Фолк Фест Валандово; Струмички Карневал; Струмица опен фестивал; Смоквијада Гевгелија; Ден на празот, с. Градашорци, Василево; Фестивал на Смоларскиот костен Ново Село; Првомајски трки во с. Стојаково, Богданци; Фестивал на изворен фолклор Гајда, с. Ињево, Радовиш; Манифестација Топол културен бран Конче; Манифестација Дојрански ракувања; Празник на Општина Босилово; итн.

Сите овие природни богатства и карактеристики го привлекуваат вниманието на посетителите, привлекуваат се поголем број туристи од државата и од странство така што во последните години е забележан тренд на пораст на туризмот како стопанска гранка, преку зголемувањето на бројот на сместувачки капацитети, туристи и ноќевања во регионот.

Преку искористување на своите предности, надминување на слабите страни и искористување на можностите Југоисточниот регион продолжува да се развива во регион кој е посакуван за живеење и инвестирање.

Совет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Претседателот на советот за развој на планскиот регион се избира од редот на членовите на советот, со мандат од две години со право на повторен избор.

Во работата на советот за развој на планскиот регион можат да учествуваат стручни лица од областа на регионален развој, претставници од стопанските комори, синдикатите, здруженијата на граѓани и други релевантни партнери од приватниот и граѓанскиот сектор.

Советот за развој на планскиот регион ги врши следниве работи:

  • ги организира и координира активностите за следење и оценување на спроведувањето на планските документи за регионален развој,
  • донесува Програма за развој на планскиот регион, по претходна согласност од Советот за рамномерен регионален развој,
  • донесува годишен акционен план за спроведување на Програмата за развој на планскиот регион,
  • утврдува годишна листа на предлог-проекти за развој на планскиот регион,
  • доставува предлози до Бирото за регионален развој за идентификување на подрачјата со специфични развојни потреби во рамките на планскиот регион, согласно со критериумите од членот 7 на овој закон,
  • обезбедува координација на активностите на единиците на локалната самоуправа, здруженијата на граѓани, државните агенции и институции во рамките на регионот кои дејствуваат во областа на регионалниот развој,
  • иницира разгледување на прашања поврзани со регионалниот развој за кои е неопходна координација меѓу единиците на локалната самоуправа и партнери од приватниот и граѓанскиот сектор,
  • ја промовира прекуграничната соработка со региони од други земји врз основа на заедничките интереси и
  • врши и други работи од областа на регионалниот развој утврдени со закон.

Членовите на советот на Југоисточниот плански регион се 10-те градоначалници од регионот и тоа:

 

Г-дин Блаже Шапов - Градоначалник на општина Богданци

 

alt

 

Г-дин Зоран Зимбаков - Градоначалник на општина Босилово

 

alt

 

Г-дин Перо Костадинов -Градоначалник на општина Валандово

 

alt

 

Г-дин Марјан Јанев - Градоначалник на општина Василево

 

alt

 

Г-дин Сашо Поцков - Градоначалник на општина Гевгелија

 

alt

 

Г-дин Анго Ангов - Градоначалник на општина Дојран

 

alt

 

Г-дин Благој Илиев - Градоначалник на општина Конче

 

лого НС

 

Г-дин Никола Андонов - Градоначалник на општина Ново Село

  

Grb Radovis - Грб Радовиш - 2013

 

Г-дин Герасим Конзулов - Градоначалник на општина Радовиш

 

alt

 

Г-дин Коста Јаневски - Градоначалник на општина Струмица

 

10 Општини од Република Северна Македонија се дел од Југоисточниот плански регион:

 

Општина Богданци
Општина Босилово
Општина Валандово
Општина Василево
Општина Гевгелија
Општина Дојран
Општина Конче
Општина Ново Село
Oпштина Радовиш
Општина Струмица

 


1.Општина Богданци

Територијата на општина Богданци зафаќа простор на крајниот јужен дел на Републиката, и тоа од левата страна на реката Вардар. Морфолошки општината во основа е рамничарска, со мошне добар бонитет на земјиштето, така што се вбројува во најдобрите аграрни простори, особено за производство на рано градинарство. Таа се граничи со општините Стар Дојран, Валандово и Гевгелија, а на поширок простор и со државната гранична линија со Грција.  Во составот на општината се вбројуваат само четири населени места, од кои Богданци е централно место и седиште на општината. Другите населби се: Стојаково,Селемли и Ѓавото. Во однос на орографските услови сите населби се рамничарски, и тоа на мала надморска височина, помала од 100 метри.

Површинa:                               114 км2           

Број на жители:                       8707

Населени места:                     4

Главни стопански гранки:Земјоделство; Транспорт       

Деловни субјекти:                  206

Главни приоритети на локален економски развој:

Развој на земјоделството првенствено преку остварување на капацитетите во преработка на земјоделските производи; Формирање на нови мали и средни претпријатија, искористување и реактивирање на едуцираната работна сила.

 врати се на почеток

2.Општина Босилово

Општина Босилово се наоѓа во средишниот дел на плодното Струмичко поле, помеѓу планините Огражден и Беласица. Низ нејзиниот средишен дел поминува реката Струмица и реката Турија кои се влеваат во реката Струма во Република Бугарија.Таа граничи со соседните општини Василево, Ново Село и Струмица формирајќи Струмички микрорегион.

Површина:                               140 км2

Број на жители:                       14 260

Населени места:                     16

Главни стопански гранки:     Земјоделство; Сточарство;

Деловни субјекти:                 175

Главни приоритети за локален економски развој:

Развој на современо земјоделско производство на здрава храна; Развој на еко туризам; Заштита на животната средина; Подршка за развој на мали и средни претпријатија.

врати се на почеток

3.Општина Валандово

Валандово е урбана општина и се наоѓа во југоиточниот дел на Република Северна Македонија. Според апсолутната надморска височина е една од најниските во државата, со просечна надморска височина од 226 метри.Населбите се распоредени долж течението на реката Вардар, на нејзиниот лев брег, како и во подножјето на планината Плавуш. Главни компетативни предности на општината се извонредните климатски услови, поволната географска местоположба (крстопатот кон граничните премини за Р.Грција и Р. Бугарија) како и археолошките локалитети.

 

Површина:                               331 км2

Број на жители:                       11 890

Населени места:                     19

Главни стопански гранки:     Земјоделство, конфекција, конзервна индустрија (конзервирање на зеленчук)

Деловни субјекти:                  260

Главни приоритети за локален економски развој:

Развој на земјоделското производство; Изградба на зона за мало стопанство;

 врати се на почеток 

4.Општина Василево

Територијата на општина Василево го зафаќа средниот дел на Струмичко- Радовишката  Котлина, или северозападниот дел на Струмичко поле. Оваа општина се граничи со општините Босилово, Берово, Радовиш, тесен дел од Конче и Струмица. Главните компетативни предности на општината се можноста за развој на селски туризам, производство на здрава храна, искористување на потенцијалот на браната Турија, организирање и стопанисување на регионалната депонија во с. Доброшинци.

 

Површина:                               221 км2

Број на жители:                       12 122

Населени места:                     18

Главни стопански гранки:     Земјоделство; Лозарство; Овоштарство; Сточарство; Дрвна индустрија; Текстилна индустрија;

Деловни субјекти:                 150

Главни приоритети за локален економски развој:

Доразвивање на индустриската зона во с.Василево; Подготовка на техничка документација за индустриски зони во другите населени места; Отварање пазар на големо за земјоделски производи; Развој на ЈП Турија во сферата на водоснабдување и прифаќање на фекалните води.

врати се на почеток

5.Општина Гевгелија

Општина Гевгелија се наоѓа во најјужниот дел од Република Северна Македонија, на самата граница со Република Грција, на надморска височина од 64 м .Низ територијата на општина Гевгелија минува примарната оска на развојот која се протега по Вардарската долина во правец север-југ и претставува дел од коридорот 10. Мошне важна е и пограничната позиција на општина Гевгелија со Република Грција, како и можностите за лоцирање на стопанските капацитети, кои бараат голем транспорт на суровини и готови производи, при што близината на Солунското пристаниште претставува значајна компаративна предност.
Поволно влијание треба да има новопредвидената идна "хоризонтална" врска - од Битола преку Мариово до Гевгелија, како сообраќаен правец кој ги поврзува источните и западните делови на Република Северна Македонија и кој воедно ги интегрира најзначајните туристички простори.

Површина:                               485 км2

Број на жители:                       22 988

Населени места:                     17

Главни стопански гранки: Текстилната, прехранбената индустрија, металопреработувачка,електроиндустрија, преработка на пластични маси.

Деловни субјекти:                 712

Главни приоритети за локален економски развој:

Производство на еколошка храна; Развој на туризмот (транзитен, бањски и планински); Реализација на проектот  Слободна економска зона”.

врати се на почеток

6.Општина Дојран

Општина Дојран е сместена е до самото Дојранско Езеро на крајниот југоисточен дел од Република Северна Македонија на надморска височина од 146 м, непосредно до самата граница со соседна Грција. Подрачјето на општината е претежно ритчесто. На западниот брег од езерото се наоѓа височината Калатепе со надморска височина 691 метар. На северозападниот дел благо се издигнува Асанлиско Поле, кое преку с. Николиќ се прелева во плодна котлина. На северозапад над Асанлиско Поле се издигнува ридот Боска со надморска височина од 720 метри и планината Беласица, а на исток се падините Планината Круша, кои многу благо се спуштаат кон езерото, при што се создаваат мошне плодни површини. Најнискиот дел од котлината е на југ, кај населбата Кара-Дојран во соседна Грција.

Површинa:                               132 км2           

Број на жители:                       3426

Населени места:                     14

Главни стопански гранки:     Туризам, Индустрија, Земјоделство

Деловни субјекти:                  74

Главни приоритети на локален економски развој:

Туризам: летен, спортски, транзитен; Локации за мали индустриски капацитети; Развој  на лозарство и раноградинарско производство.

врати се на почеток 

7.Општина Конче

Конче денес е типично рурална општина сместена во централно-источниот дел од Република Северна Македонија опкружена со Конечка планина и Смрдешник, односно општините Штип, Неготино, Демир Капија, Валандово, Струмица, Василево и Радовиш.  По своите морфолошки карактристики, таа претставува одделна природна географска средина. Оваа земјоделска сточарска општина располага со три вештачки акумулации.

Површинa:                               237 км2           

Број на жители:                       3536

Населени места:                    14

Главни стопански гранки:     Земјоделство, Сточарство, Овоштарство

Деловни субјекти:                 60

Главни приоритети на локален економски развој:

Отворање нови стопански капацитети, Изградба на инфраструктура со којашто ќе има поголема комуникација на општината Конче со другите општини.

врати се на почеток 

8.Општина Ново Село

Општина Ново Село се наоѓа во крајниот југоисточен дел на Република Северна Македонија. На север територијата се издига до сртот на планината Огражден, во средниот дел е широката рамнина на реката Струмица, во јужниот дел се издига до сртот на планината Беласица. Таа се граничи со општините Берово, Босилово и Струмица.Општината е единствена и се разликува од другите по тоа што е  единствена општина во РСМ која граничи со две држави од ЕУ, го има највисок водопад во Република Северна Македонија и многу други природни, историски и културни богатства.

Површинa:                               252 км2           

Број на жители:                       11 966

Населени места:                     16

Главни стопански гранки:   Земјоделство; Дрвна индустрија; Текстилна индустрија; Прехранбена индустрија; Градежништво, туризам и угостителство.

Деловни субјекти:                  230

Главни приоритети на локален економски развој:

Подобрување на животот на жителите, создавање на услови за побрз развој и подршка за развивање на малите и средни претпријатија.

врати се на почеток 

9.Општина Радовиш

Сместена во југоисточниот дел на републиката општина Радовиш го зафаќа северозападниот дел од пространата Радовишко-Струмичка котлина, односно горното сливно подрачје на реката Радовишка. Главни компетативни предности на оваа општина се местоположбата, производството на здрава еколошка храна и поволните услови за развој и вложувања. 

Површинa:                               608 км2           

Број на жители:                       28 244

Населени места:                     20

Главни стопански гранки:     Земјоделство; Текстилна индустрија;

Деловни субјекти:                  140

Главни приоритети на локален економски развој:

Стопански развој - капацитети; Вработување; Инфраструктура.

врати се на почеток 

10.Општина Струмица

На крајниот југоисток на Република Северна Македонија, веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Бугарија и Грција сместена е плодната Струмичка котлина, а во нејзиниот западен дел и истоимента општина Струмица. Оваа општина на исток се граничи со општината Босилово, на запад со општината Конче, на север со општина Василево, на Југоисток со општина Ново Село, а на југозапад со општина Валандово.

 

Површина                               322 км2

Жители                                    54 676

Населени места                     25

Главни стопански гранки:

Земјоделство и сточарство; Прехрамбена индустрија, дрвна индустрија, рударска индустрија, металопреработувачка идустрија, електроиндустрија, текстилна  индустрија (тешка и лесна конфекција).

Деловни субјекти :               6669

Главни приоритети за локален економски развој:

 Модернизација на постоечките произвотствени капацитети и отварање нови; Развој на современо земјоделско производство на здрава храна; RРегионален центар за заедничка понуда на раноградинарски производи;Алтернативен туризам; Бански туризам;Културен туризам; Рурален туризам.

врати се на почеток 

 

Корисни линкови:

www.zels.org.mk

www.gtzredem.com.mk

www.mls.gov.mk

www.sep.gov.mk

www.ipardpa.gov.mk

www.undp.org.mk

www.usaid.org.mk

 

Општини:

www.bogdanci.gov.mk

www.opstinabosilovo.gov.mk

www.valandovo.gov.mk

www.opstinavasilevo.gov.mk

www.gevgelija.gov.mk

www.opstinadojran.gov.mk

www.novoselo.gov.mk

www.radovis.gov.mk

www.strumica.gov.mk

 

 

 

  1. Ревизија на главен проект за изградба на брана Конско со придружни објекти
  2. Изработка на идеен проект за зафаќање на дел од водите на река Смилјанска за дотур на вода во акумулацијата на брана „Мантово"
  3. Интегриран пристап во развојот на туризмот на Југоисточниот плански регион
  4. Паљурци - спој на природна убавина и исконско минато
  5. Поддршка во самовработувањето на млади и жени
  6. Ревитализација на дел од крајбрежјето на Дојранско Езеро - Стар Дојран
  7. Балканска Вело Патека
  8. Реконструкција и санација на локален патен правец клучка Карбино на М-6 (Струмица – Штип) до населено место Добрашинци
  9. Создавање на прекугранична мрежа помеѓу општинските експерти за програми и проекти во прекуграничниот регион - ПМ-НЕТ
  10. Уредување на просторот околу Смоларски водопад во зоната на активно управување
  11. Формирање на „Регионален центар за сертификација“ во Југоисточниот плански регион
  12. Паљурци - Амфитатар
  13. Изградба на дел од локален пат од с.Банско-општина Струмица до с.Моноспитово-општина Босилово
  14. Уредување на просторот околу манастирските локалитети на Св.Ѓорги во с.Ораовица и Св. Стефан во с.Конче
  15. Ефикасно користење на сончевата енергија за подобра иднина
  16. Индустриски зони и комерцијални патишта во прекуграничната област - Зони и Патишта
  17. Подобрување на патната мрежа за развој на руралната прекугранична област - АГРАС
  18. Регионален Бизнис Центар - Гевгелија
  19. „Кон иднината“ - Студија за потенцијалот и искористување на обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион
  20. Зголемување на безбедноста во сообраќајот на магистралниот пат М-6 (с. Босилово - с. Турново) преку изградба на тротоари и регулирање и прифаќање на површинските атмосферски води

  21. Изработка на техничка документацијаза изградба на локален пат с. Бориево - с. Колешино во должина од 6,3 км

  22. Подобрување на патната мережа во областа с.Доброшинци -регионална депонија во ЈИР - брана „Турија“ - с.Нивичино

  23. Изградба на систем за фотоволтаични модули во 10 општински училишта

  24. Вода за сите: Управување со сливот на река Струмица
  25. Подобрување на енергетската ефикасност на 10 јавни згради во Југоисточниот плански регион
  26. Планините зборуваат и нé поврзуваат
  27. Подобрување на условите за квалтетен живот и безбедност на граѓаните од населените места низ кој поминуваат патиштата А4, Р1105 и Р1102 во ЈИПР
  28. Подобрување на квалитетот на животот на младите луѓе во руралните средини во Југоисточниот плански регион
  29. EU LEADER пристапот во општини од Југоисточниот плански регион
  30. Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион
  31. Реконструкција и адаптација на објекти наменети за Културни домови во с.Стојаково – општина Богданци, с. Радово – општина Босилово и с. Ракитец - општина Конче
  32. „Вмрежување на МСП од Креативната индустрија во прекуграничниот регион" – ПАРК
  33. Иновативни средства за промоција на туризмот во регионот
  34. Уредување на излетнички места на Габровски водопади – општина Струмица, Смрдлива вода – општина Гевгелија, Смоларски и Колешински водопади – општина Ново Село, за збогатување на туристичката понуда во Југоисточниот регион
  35. Изработка на Регионален план со десет општински планови за интегрирано управување со отпад во Југоисточниот плански регион
  36. Развој на патната инфраструктура преку изградба на мост за поврзување на руралните места во општините Босилово, Ново Село и Струмица
  37. Уредување на излетничко место покрај Дојранското крајбрежје во с. Николиќ, општина Дојран
  38. Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир
  39. Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа
  40. Изградба на локален пат кој ги поврзува селата Муртино и Еднокуќево во должина од - 1.387 метри - втора фаза
  41. Изградба на дел од пат помеѓу населените места Чанаклија и Нова Маала во должина од 1 км
  42. Изградба на канализационен систем за фекална отпадна вода во Стар Дојран за улица Вељко Влаховиќ и дел од улица Никола Карев
  43. Поставување на урбана опрема на Кочулски водопади
  44. Проширувањето на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор
  45. Хортикултурно и партерно уредување на дел од езерското крајбрежје и формирање на езерска плажа во Дојран
  46. Туристичка патека од природата до културата на планината Плавуш
  47. Реконструкција на пат од крстосница за с.Добрашинци до брана Турија од КМ 0+0000 до КМ 0+800 во општина Василево
  1. Управување со Сливот на река Струмица – фаза на имплементација
  2. Изработка на урбанистички планови
  3. Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош – HELP
  4. Заеднички стратегии за заштита на биолошката разновидност и одржлив развој на билатералната мрежа на заштитени подрачја - COMBINE2PROTECT

  5. Изградбата на две прифатилишта за бездомни животни во општините Струмица и Гевгелија

  6. Подобрување на туристичката понуда во Југоисточниот плански регион преку изградба на патна инфраструктура во Сончевата Езерска населба Мантово

  7. Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина
  8. Заеднички работен простор – средство за зајакнување на соработката со бизнис секторот
  9. Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш
  10. Подобрување на локални патишта во општините Богданци, Гевгелија, Ново Село и Дојран
  11. Создавање на услови за поголема социјална инклузија на лицата со посебни потреби во Југоисточниот плански регион
  12. Ревитализација на пат с.Богородица с.Стојаково - крстосница со регионален пат Гевгелија- Богданци (втора фаза)
  13. Помалку отпад за поквалитетен живот
  14. Уредување на дел од индустриски зони во ЈИПР, услов за зголемен економски развој
  15. Изградба на мост на река Турија на локален пат с. Просениково - с. Сарај
  16. Изградба на локален пат за поврзување на населените места Бориево и Колешино - прва фаза

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Timeless брошура

timeless3a

Понуда 365

offer1a

Лифлет за Центарот

giz1a

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top