На ден 02.03.2020 година во општина Валандово, Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Г-а Жулиета Ѓуркова заедно со Министерот за локална самоуправа Г-н Горан Милевски, како и Градоначалникот на Општина Валандово Г-н Перо Костадинов одржаа работен состанок.

 

 

 

 

На состанокот се разговараше за имплементацијата за проекти поддржани од Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој, како и за прекугранични проекти поддржани преку национално кофинансирање.

Исто така се направи посета на патеката до Св. Ѓорѓија во Валандово, која благодарение на проектот „Туристичка патека од природата до културата на планината Плавуш“ кој го имплементираше Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, прерасна во култно место на валандовчани за одмор, рекреација и релаксација.

Проектот е финансиран преку Програмата за рамномерен регионален развој  преку Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој од каде се обезбедени 7.258.333,00 денари, додека општина Валандово како партнер во проектот учествува со сопствено учество од 897.098,00 денари.

Станува збор за патека долга околу 2,5 километри која е проширена, осветлена, со многу урбана опрема и информативни табли. Поставени се клупи за одмор, подигнати 4 летниковци – павиљони за релаксација, катчиња со детски реквизити, паркинзи, отворена фитнес зона со елементи за вежбање, импровизирана карпа за алпинистичко искачување а кај самиот манастир подигнати се и повеќе летниковци.

Oвој проект не само што ќе влијае на збогатување на туристичката понуда и развојот на туризмот во регионот, туку ќе служи и како пример за потикнување на туризмот во една општина и зачувување на традиционалните вредности. Со самото уредување на оваа место, на локалните жители ќе им се отвори можност да нудат одредени угостителски услуги, сместување за посетителите, организирање на спортски активности и настани за што истите би можеле да обезбедат финансиски бенефит, а со тоа и економски развој во Југоисточниот плански регион.

 

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top