На 11.03.2020 година во просториите на ЦРЈИПР се одржа Шеснаесеттата Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион на која присуствуваа градоначалниците од општините од регионот и Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

 

 

Градоначалниците на општините од Југоисточниот плански регион на Седницата донесоа Одлука за формирање на Регионално јавно претпријатие врз база на меѓуопштинска соработка како модел кое ќе управува со прифатилиштата за бездомни животни и ќе врши заловување, транспорт и хумано третирање на бездомните животни од целиот регион за кои веќе се набавени две возила за заловување на бездомните животни од регионот. За почеток ќе функционира само прифатилиштето во Струмица, кое е целосно изградено и опремено за потребите на струмичко-радовишкиот микрорегион, додека пак Прифатилиштето во Валандово е во почетна фаза на изградба и истото ќе биде наменето за потребите на гевгелиско-валандовскиот регион. Со ваквата Одлука Југоисточниот регион е прв регион во државата кој заеднички се обидува да го реши проблемот со бездомните животни.

На Седницата исто така се донесе и едногласна Одлука за прв пат на територија на општините од Југоисточниот регион годинава да се спроведе третирање на дезинфекција, дезинсекција и дератизација против ларвицидна и адултна форма на комарци по земјен пат за взаемна заштита на општините од регионот, со цел постигнување на поголем ефект и превенција.

Меѓудругото на Седницата бешe донесена и Одлука за промена на седиштето на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, како и Одлука за предавање и преотстапување на користење и одржување на објект по проект „Туристичка патека од природата до културата на планината Плавуш“ на општина Валандово, а беа усвоени и Завршните сметки за 2019 година на ЦРЈИПР, Годишниот извештај за работата на ЦРЈИПР за 2019 година и Извештајот за попис за 2019 година на ЦРЈИПР.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top