Почитувани,

Поради моменталната ситуација со корона вирусот со цел да се запазат препораките на Министерството за здравство и мерките на претпазливост и заштита, Ве известуваме дека е извршена промена на локацијата за отварање на понудите пристигнати по јавниот тендер „Изведување на градежни работи за реконструкција на дел од речното корито на река Сушица во општина Радовиш“ со референтен број CB006.2.12.062 – 03, објавен на 17 јануари 2020.

Наместо во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, отварањето ќе биде извршено во советничката сала во Дом на АРМ, Струмица. Датумот и времето остануваат непроменети.

Присуството се ограничува на еден претставник по понудувач.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top