Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во координација со фирмата „Тринити Системи“ од Скопје организираа тридневен тренинг за користење на Командниот Центар изработен во рамките на проектот „Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош – HELP“, ко-финансиран од Европска Унија и Националните Фондови на земјите учеснички преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција - Република Северна Македонија 2014-2020.

 

 

Тренинзите се одржаа на 2-ри, 11-ти и 12-ти ноември 2020 година и тоа комбинирано, првиот во Струмица на местото каде што е поставен самиот Команден Центар, а другите два онлајн преку ЗООМ платформата.

Целта на овие тренинзи беше да се запознаат сите заинтересирани страни за начинот на функционирање на Командниот центар и за начинот на ракување со опремата поставена во него.

На првиот тренинг детално беше разгледана опремата која е поставена внатре, а беше презентиран и начинот на отварање и затварање на дополнителниот дел од Кабината преку видео презентација. Исто така беше извршен и тренинг за користење на сателитската и радио станицата и обука за користење на алармот. Учесници на овој тренинг беа претставници од Центарот за управување со кризи од Скопје како и од Регионалните Центри од Југоисточниот регион.

На вториот тренинг се изврши презентација на софтверската апликација изработена за потребите на проектот и функционирањето на Командниот Центар. Овој тренинг беше наменет за корисници т.е за претставници од Центарот за управување со кризи и на истиот им беше претставен Софтверот за управување со инциденти, неговите општи и специфични функционалности, а сето тоа беше заокружено и со практична вежба.

Третиот ден од тренингот одржан на 12.11.2020 година беше поделен во три дела. Во првиот дел се одржа обука за администраторите на софтверскиот систем, во вториот дел се организираше пилот акција каде врз основа на поставено сценарио се тестираше функционалноста на системот во реални околности т.е. во услови на поплава. Третиот дел од овој тренинг беше наменет за презентација на Командниот центар пред останатите локални засегнати страни (општини, невладини организации, противпожарна служба, Црвен крст, Дирекција за заштита и спасување) кои исто така треба да го користат во услови на елементарни непогоди при што е потребно да се запознаат со опремата со која располага и како истата се користи.

До крајот на проектот планирано е да се одржат еден инфо ден, на кој пошироката јавност ќе биде запознаена со активностите и резултатите од проектот како и дводневна пилот акција на која ќе бидат претставени и тестирани Командните центри од двете страни на границата и нивната поврзаност помеѓу двата региони пред сите засегнати страни.

             

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top