На ден 02.12.2020 виртуелно на онлајн платформата ЗООМ се одржа Финална Конференција на којашто беше претставена работната нацрт верзија на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024. Учество на оваа конференција зедоа Градоначалниците - членови на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, претставници на Министерство за локална самоуправа и засегнати страни од Југоисточниот регион (претставници на општини, јавни институции, приватен и граѓански сектор).

 

 

Финалната Конференција со воведно обраќање ја отворија Г-н Коста Јаневски, Претстедател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и Г-а Жулиета Ѓуркова, раководител на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Г-а Ѓуркова во поздравниот говор истакна дека Програмата за развој на ЈИПР претставува еден од најзначајните документи не само за Центарот туку и за сите општини, граѓански организации како и бизнис секторот во регионот и појасни дека истата ќе биде целосно усогласена со Националната Стратегија за регионален развој, а ќе биде усвоена од страна на Советот на ЈИПР по претходна сосгласност од Советот за рамномерен регионален развој на РСМ.

Од страна на експертскиот тим беше презентирана нацрт верзијата на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024, целиот процес на изработка на Програмата, вклученоста и придонесот на засегнатите страни, продуктивноста и работата на изминатите работилници за изработка на Програмата, како и активностите кои се реализираа меѓу сесиите.

Конференцијата заврши со плодна дикусија каде градочалниците од регионот и сите засегнати страни имаа можност за искажување забелешки, сугестии, коментари и пофалби во однос на презентираниот среднорочен документ на Југоисточниот плански регион.

„Програмата за развој на ЈИПР е доста опсежно и темелно направена и во иднина со сите релевантни фактори и засегнати страни ќе се бориме предложените стратешки цели да добијат едно поголемо значење со надеж дека Југоисточниот плански регион ќе добие поголем процент во распределбата на средства за регионите. Сметам дека пред нас има уште многу предизвици, особено во делот на инфраструктура и се надевам дека сите заедно ќе успееме дел од тие предизвици да ги оствариме во наредниот период.“ – истакна на крај Г-н Коста Јаневски Претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

 

Процесот на изготвување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион е поддржан преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој се спроведува со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка во Р.С. Македонија.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top