DSC 0882-min

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Тело за управување со ИПАРД на 21.03.2018 година организираше состанок на тема: Подготвителни активности за акредитација на ИПАРД мерката "Унапредување и развој на руралната инфраструктура" за наредниот програмски период.
Присутни на овој состанок беа претставници од Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, претставници од сите 10 општини од Југоисточниот регион и претставници од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

 

DSC 0877-minЗа време на состанокот беше објаснета мерката Инвестиции во руралната јавна инфраструктура како и општите критериуми за прифатливост на истата. Поголем дел од состанокот беше посветен на прашања и одговори поврзани со проблеми при аплицирање од страна на општините.
По завршувањето на сесијата посветена на прашања поврзани со подготовка на документација, аплицирање и проблеми при имплементирање на ИПАРД мерките, присутните заклучија дека во иднина потребни се обуки кои ќе им помогнат да ги зајакнат капацитетите за подготовка и аплицирање на одредени мерки на ИПАРД програмата за развој на рурална инфраструктура.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top