Во тек се завршните  активностите за проектот „ Изградба  на локален пат  кој ги поврзува  селата Муртино и  Еднокуќево  во должина од 1.387 метри – втора фаза”.

 Изградбата на локалниот пат  од с. Муртино до с. Еднокуќево до крајната фаза асфалтирање и негово користење  ќе биде од голема важност за граѓаните од овие населени места, бидејќи ќе се оствари поголема соработка помеѓу општините како  и подобрување на локалниот  економски и туристички развој.  

Носител на проектот е Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а проектот е финансиран преку Програмата  за рамномерен регионален развој за 2017 година, преку Министерство за локална самоуправа, односно Биро за регионален развој  од каде се обезбедени 3.400.417,00 денари, додека општина Струмица како партнер на проектот учествува со сопствено учество од 2.178.372,00 денари. Како втор партнер во проектот се јавува и општина Босилово.

Овој пат е дел од патната мрежа на општина Струмица  и се протега од излезот на селото Муртино па се до влезот на селото Еднокуќево во општина Босилово. Kоловозната лента е со ширина од 5 метри, истиот е направен според сите стандарди за патишта, а се очекува да заврши некаде кон крајот на месец април 2018 година.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top