Во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица“ беа одржани специјализирани теоретски и практични обуки за агроеколошко производство за околу 80 кандидати (градинари и овоштари).

По спроведениот тест на знаење во 4 (четири) области -  овоштарство/градинарство, наводнување, ѓубрење и заштита, според вкупниот број на бодови се изврши нивно рангирање со што првите 20 кандидати, производители на градинарски култури и првите 10 кандидати, производители на овошни култури се добитници на грант во опрема во вредност од 300.000 денари.

Сите кандидати кои сакаат подетални информации околу висината на бодовите поединечно по области може да дојдат на увид во канцелариите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, ул. Боро Џони бр. 10, Струмица.

Проектот „Управување со сливот на река Струмица“ е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточнио плански регион, општините од сливот и други релевантни институции.

 award

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top