contractНа 13.04.2018 година помеѓу Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Министерството за локална самоуправа беа потпишани два Договори за финансирање на активности за поттикнување на рамномерниот регионален развој.

Со средства обезбедени во рамките на проектот “Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”, поддржан од швајцарската Влада, во текот на оваа година ќе бидат организирани повеќе активности меѓу кои повеќе форумски сесии  во кои ќе бидат вклучени жителите од општините во Југоисточниот плански регион.

 

Преку инклузивен пристап ќе бидат дефинирани регионалните приоритети, како резултат на што граѓаните кои ќе учествуват на handshakeфорумски сесии ќе одлучат кој проект во планскиот регион ќе биде финансиран во следната фаза, а за кој веќе се обезбедени средства со поддршка на швајцарската Влада. 

Целта е да се подигне свеста за заеднички пристап во решавањето на регионалните прашања, преку вклученост не само на локалните власти туку и на граѓаните.

Проектот е финансиски поддржан од страна на Владата на Швајцарската конфедерација претставувана од федералниот департмент за надворешни работи, дејствувајќи преку Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија/Швајцарска Агенција за развој и соработка и Владата на Република Македонија, претставувана од Министерството за локална самоуправа.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top