Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објавува конкурс за ангажирање на двајца проектни асистенти за потребите на проектите „Заеднички стратегии за заштита на биолошката разновидност и одржлив развој на билатералнaта мрежа на заштитени подрачја“ - COMBINE2PROTECT и „Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош“ – HELP, истите финансирани од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Грција 2014-2020.

Заинтересираните кандидати својот интерес можат да го најават со доставување на кратка биографија (CV), мотивационо писмо на англиски јазик, како и дополнителни документи за докажување на горенаведените критериуми, со назнака за проектот за кој аплицира кандидатот, најдоцна до 25.04.2018 година (среда), до 12.00 часот, во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, ул. Боро Џони бр. 10, 2400 Струмица.     

Целосниот текст на конкурсите пооделно за секој проект може да се превземат од следниве линкови:

  1. Конкурс за ангажирање на проектен асистент за проектот „Combine2Protect“
  2. Конкурс за ангажирање на проектен асистент за проектот „HELP“

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top