На 08.05.2018 година во општина Василево се одржа V-тата Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

На оваа Седница, градоначалниците дискутираа за повеќе прашања што го засегаат регионот и донесоа повеќе значајни одлуки и тоа: Одлука за преотстапување на пат по проект „Изградба на дел од пат помеѓу населените места Чанаклија и Нова Маала во должина од 1 км” – општина Василево, Одлука за преотстапување на пат по проект „Изградба на локален пат кој ги поврзува селата Муртино и Еднокуќево во должина од – 1387 метри” – втора фаза, Одлука за изработка, аплицирање и имплементација на проект „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари”, Одлука за изработка, аплицирање и имплементација на проект „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“.  

Meѓудруго, за време на Седницата се дискутираше за распишаниот тендер за авионското третирање против возрасни комарци кое ќе се изврши на територија на сите 10 општини во Југоисточниот плански регион, како и за подготвката на потребните документи за двата проекти за кои Центарот за развој на Југоисточниот плански регион заедно со партнери од Република Бугарија ќе аплицира за финансирање на Вториот повик за поднесување на проектни предлози преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка  Бугарија - Македонија.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top