Во рамките од Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција - Р. Македонија, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион започна со имплементација на два нови проекти.

Првиот проект е „Заеднички стратегии за заштита на биолошката разновидност и одржлив развој на билатералнaта мрежа на заштитени подрачја“ („COMBINE2PROTECT”), чија главна цел е да се обезбедат најсоодветни инструменти за промовирање на капацитетот за зачувување на биолошката разновидност и нивнa дисеминација до широк спектар на корисници за да се обезбеди одржливост, ефикасно управување со заштитените подрачја, зголемување на бројот на видови, живеалишта и заштитени екосистеми, како и подобрување на алатките за зачувување.  

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион e лидер партнер во имплементацијата на овој проект, а проектни партнери се Универзитетот “Аристотел” во Солун, Грција, Државниот инспекторат за животна средина, Р. Македонија и Регионот на Западна Македонија, Грција.

Една од главните активности кои се предвидени по проектот е изработка на регионална Стратегија за биолошка разновидност со акционен план.  Ќе биде ангажиран стручен тим кој ќе ја креира и развива Стратегијата, а со истата ќе биде опфатен целиот Југоисточен плански регион.

Проектот е со вкупен буџет од 1.269.000,10 евра, а ќе се имплементира 24 месеци до април 2020 година.

Вториот проект е „Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош“ („HELP”), чија главна цел е да се подобри стратешката и оперативната ефикасност на јавната администрација и јавните служби во управувањето со елементарни непогоди во прекугранична област, преку обезбедување на интегрирано решение за техничка поддршка и управување со пост-катастрофални хуманитарни олеснителни операции и логистика на самото место.

Партнери на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во имплементацијата на проектот се:  Комитетот за Истражување на Технолошкиот Образовен Институт на Централна Македонија, Катедра за механичко инженерство, Серес – Грција, Министерство за внатрешни работи (Сектор Македонија - Тракија), Грчкиот Спасувачки Тим од Грција и Центарот за управување со кризи, Р. Македонија.

Главна активност на проектот е дизајнирање и изработка на контенјер, опремен со најсовремена опрема за комуникација. Ваквиот контејнер наречен како Центар за команди, контрола, коминикација, компјутери и интелигенција ќе овозможи подобрување на квалитетот на управување на јавната администрација во справувањето со елементарни непогоди и кризи во прекугранична област Грција - Македонија.

Проектот е со вкупен буџет од 905.553,30 евра, а ќе се имплементира 18 месеци до октомври 2019 година.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top