На 30.05.2018 година во просториите на Дом на АРМ во Струмица пред претставници од бизнис секторот од Југоисточниот плански регион беше претставен актуелниот јавен повик за кофинансирање на предлог проекти за мали и средни претпријатија.

Јавниот повик беше објавен од страна на Фондот за иновации и технолошки развој на 28.04.2018 година и преку истиот се овозможува финансиска поддршка за малите и средни претпријатија преку следните инструменти:

 

 

  1. Кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („Газели“);
  2. Кофинансирани грантови за микро претпријатија;
  3. Кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста;
  4. Кофинансирани грантови за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица.    

Целта на инфо сесијата беше претставување на јавниот повик за поднесување на предлог проекти во рамки на столб 3 од Планот за економски раст на Влада на Република Македонија, разјаснување на критериумите за учество и потребна документација за аплицирање. Присутните на сесијата исто така имаа можност да поставуваат прашања во отворена дискусија.

Краен рок за аплицирање на јавниот повик е 11.06.2018 година.

Информативната сесија беше организирана од страна на претставници од Југоисточниот плански регион во соработка со претставници од Фондот за иновации и технолошки развој.

Повеќе информации за отворениот повик може да најдете на следниот линк: http://www.fitr.mk/

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top