Во рамките на проектот „Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош - HELP“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција - Р. Македонија, се одржа првиот состанок на проектните тимови на ден 29 мај, Вторник, во просториите на Комитетот за Истражување на Технолошкиот Образовен Институт на Централна Македонија, Катедра за механичко инженерство, Серес – Грција

На состанокот присуствуваа проектните тимови на проектот и тоа: Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Комитетот за Истражување на Технолошкиот Образовен Институт на Централна Македонија, Катедра за механичко инженерство, Серес- Грција, Министерство за внатрешни работи (Сектор Македонија –Тракија), Грчкиот Спасувачки Тим од Грција и Центарот за управување со кризи, Р. Македонија.

Главна цел на состанокот беше проектните тимови да се запознаат со проектните активности, роковите на реализирање и улогата на секој од партнерите во проектните активности. На состанокот се дискутираше за начинот на комуникација помеѓу партнерите, за активностите околу поднесувањето на извештаите за остварениот прогрес, се презентираа потребните документи за имплементација на проектот од страна на партнерите, понатаму се утврдија роковите за изготвување на  техничката документација, процедурите околу јавните набавки и одржувањето на понатамошните состаноци.

Следниот состанок на проектниот тим се планира да се одржи во Струмица,  во септември.

Проектот „Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош - HELP“ е кофинансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција-Р. Македонија.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top