На ден 13.06.2018 година во просториите на Дом на АРМ во Струмица се одржа информативен состанок  за најавениот Јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства во рамки на Програмата за финансиска  поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2018 година.

Настанот беше организиран од страна на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

На состанокот присуствуваа претставници од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Градоначалниците и претставниците на десетте општини од Југоисточниот плански регион.

Цел на состанокот беше општините да се информираат за начинот на кој може да се добијат и искористат планираните средства за мерките 321, 322 и 323 од Програмата кои се однесуваат на подобрување на животот во руралните средини, обнова и развој на селата и зачувување и унапредување на традиционалните вредности во рурални подрачја.

Повикот се очекува да се распише во јули 2018.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top