Во рамките на проектот „Подобрување на општинското владеење“, на ден 04.07.2018 година (среда), во просториите на хотел “Сириус”, Струмица, Центарот за развој на Jугоисточниот плански регион организираше работна средба за новата Грантова шема финансирана од УНДП. На средбата присуствуваа  претставници од десетте општини во Југоисточниот плански регион, невладиниот сектор и претставници од Центарот за развој на Jугоисточниот плански регион.

 

Целта на средбата беше запознавање на претставниците од присутните сектори со критериумите за квалификација на проекти, условите за поднесување на проектните предлози и постапката за избор на проекти. Предлог проектите треба да имаат влијание на територијата на три или повеќе општини во Југоисточниот плански регион, како и да влијаат во подобрување на една од наведените стратешки цели: подобрена социјална кохезија, подобрено управување со животната средина и инфраструктура и поддршка на локалниот економски раст и развој.

Учесниците на работната средба беа поделени во работни групи во кој предлагaа проекти и според добиените поени од сите учесници беше утврдена ранг листата на  предлог проекти.

Предлог проектите со најмногу поени Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе ги презентира пред Советот за развој на Југоисточниот плански регион каде што сите Градоначалници ќе изберат еден проект.

Вкупната сума на грантовата шема што ќе биде доделена за осумте планските региони изнесува 270.000 евра.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top