По повод празникот на Општина Конче 12 Јули, Градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев, на свеченоста за Празник на Општина Конче на 12 Јули 2018 врачи признание на Г-а Жулиета Ѓуркова, раководител на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за особен придонес во работата на Општина Конче.

 

 

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион е пријател на Општина Конче веќе десет години заедно работиме за подобрувањето на животот на сите граѓани не само во Конче и во другите општини. Меѓутоа Конче е нашата најрурална општина и се трудиме тука да вложиме повеќе напори да направиме подобро утре за сите граѓани. Се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме во таа насока, истакна Г-а Ѓуркова честитајќи го празникот на општината.

Општина Конче се наоѓа во југоисточниот регион во Република Македонија. Конче и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион имаат десетгодишна успешна и плодна соработка во реализирањето на проекти за доброто и развојот на општината. Признанието е доказ за максималниот труд којшто целиот тим од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го вложува во работата, а воедно претставува и обврска за Центарот да продолжи да го негува развојот на Општина Конче и останатите општини во Југоисточниот регион.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top