На ден 23.07.2018 година во општина Гевгелија се одржа VI редовна Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, на која како главна точка на дневен ред беше усвојувањето на Предлог Одлуката за избор на приоритетен проект по Грантова шема од УНДП по проектот – „Подобрување на општинското владеење“.

 

На седницата на Советот за развој на Југоисточниот плански регион присуствуваа Г-а Луиза Винтон – постојан координатор на ОН и постојан претставник на УНДП, Г-а Нарине Сахакјан, заменик постојан претставник на УНДП во Република Македонија претставници од УНДП, Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Градоначалниците на општините од Југоисточниот плански регион.

Во рамки на седницата, Раководителот на Центарот ги презентираше проектните предлози коишто претставници од општините заеднички ги предложија на работната средба која беше одржана на 04.07.2018 година. Како најпогоден проект за финансирање во рамките на Грантовата шема на УНДП, Регионалниот Совет го изгласи предлог проектот “Изградба на две прифатилишта за бездомни животни – Втора фаза”.

За реализација на овој проект, УНДП на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе додели 34.000 евра. Преку овој предлог проект се предвидува набавка на опрема за два стационари за бездомни животни кои ќе бидат изградени во следниот период во рамки на проектот “Изградба на две прифатилишта за бездомни животни” финансиран од Бирото за рамномерен регионален развој.

Покрај одлуката за избор на приоритетен проект, во рамките на седницата беше усвоена и Одлуката за непаричен придонес на Центарот за развој на ЈИПР за спроведување на проектот за локална и регионална конкурентност за инвестирање во инфраструктура поврзана со туризам и поврзување со дестинациите, потпроект „Дојран - Туристички бисер на Југоисточна Македонија”.

Исто така, за време на седницата се разговараше за избор на предлог проекти по мерка 321 и 323 согласно Јавниот повик бр. 02/2018 по Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.

Присутните ја завршија седницата со дискусија за вклучувањето на сите општини во врска со изготвувањето на проектот со кој Центарот за развој на ЈИПР ќе аплицира за финансирање во рамки на Грантова шема од УНДП и доставување на предлог проекти од страна на општините со цел навремено аплицирање по мерката 321 и 323 по Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top