На 15.08.2018 година во општина Дојран се одржа VII-тата Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

На оваа Седница, градоначалниците дискутираа и донесоа Одлуки во врска со Избор на приоритетни проекти за доставување на барање за користење на средства од мерка 321 и мерка 323 согласно Јавниот повик бр. 02/2018 по Програмата за финанасиска поддршка на руралниот развој за 2018 година и дадоа Согласности за намената на инвестицијата од приоритетните проекти по мерките 321 и 323.

Во мерка 321 ќе се аплицраат следниве проекти:

  • Ревитализација на патот Богородица – Стојаково - крстосница со регионалниот пат Гевгелија-Богданци, кај бензинската пумпа Шимов
  • Изградба на локален пат Зубово – спој со локален пат Ново Село – Мокриево (последна,III фаза)
  • Реконструкција и санација на локален патен правец од клучка  со R-604 пат Струмица- Дојран до клучка со R-611 пат Валандово- Гевгелија преку населено место Црничани

Во мерката 323 ќе се аплицраат следниве проекти:

  • Реконструкција на дел од пат од крстосница пред с.Доброшинци до брана Турија - општина Василево
  • Асфалтирање на пристапен пат до туристички локалитет Ораовичко манастирче „Свети Георги Велекомаченик“

Вкупната вредност на аплицираните проекти изнесува 41.300.000 денари со ДДВ.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top