На 03.10.2018 година, раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Г-а Жулиета Ѓуркова, претставници на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Градоначалникот на општина Струмица Г-н Коста Јаневски како и други засегнати страни присуствуваа на воведувањето во работа на фирмата изведувач “ДПТУГУ АТРИУМ ДОО”, Вевчани за изградба на Прифатилиште за бездомни животни во општина Струмица.

 

Прифатилиштето ќе располага со 40 кафези, во кои ќе биде обезбедена соодветна заштита на кучињата скитници со соодветен персонал, а заловувањето ќе се врши исто така од квалификувани лица со специјално возило со приколка за транспорт. Ова Прифатилиште ќе биде регионално и ќе го решава проблемот со кучињата скитници на 6 општини од струмичко – радовишкиот регион.

Изградбата на Прифатилиштето е овомзможено во рамките на проектот „Изградба на две прифатилишта за бездомни животни“ кој што се реализира преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година на Бирото за регионален развој и сите 10 општини од Југоисточниот плански регион.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top