Во Струмица на 05 октомври, 2018 година се одржа последната работилница по проектот „Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа“, кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го имплементира во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во тесна соработка со засегнатите страни од уште 6 земји и тоа Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, а е финансиран од Програмата за цивилна заштита и хуманитарна помош (DG ECHO) во земјите од Југоисточна Европа.

На овој состанок беше претставен моделот за меѓуопштинска соработка на општините од Полошкиот регион кој може да послужи како пример за воспоставување на соработка преку мрежата на SEE URBAN и ќе овозможи вклопување на веќе воспоставената мрежа во некои од облиците на меѓуопштинската соработка.

Градоначалниците од Југоисточниот регион и присутните ги посочија проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во областа на намалување на ризиците од катастрофи и се заклучи дека меѓуопштинската соработка, поврзувањето на знаењето и ресурсите и размената на информации  се клучни фактори без коишто неможе да функционира системот за заштита од природни катастрофи и несреќи.

Учесници на состанокот беа претставници од УНДП и ЦРЈИПР,  Градоначалници и претставници од 10-те општини во Југоисточниот регион претставници од националните агенции од системот за управување со намалувањето на ризици од катастрофи, нивните локални центри, како и останати заинтересирани страни и тела кои работат на намалување на ризикот од катастрофи.

На настанот се дискутираше и за претстојната регионална конференција која ќе се одржи на 15 и 16 октомври, 2018 година во Скопје на која ќе има повеќе од 120 гости од различни земји во светот.

Проектот е планирано да трае до 31.12.2018 година.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top