Земјина топка обвиткана во лентите на европското знаме, насмеани детски лица, уметнички дела создадени од најмалите креативни раце, реакција во акција, балони во боите на ЕУ, детски џагор со широки насмевки врамен во разнобојна рамка и детски креации со кои Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на 05.10.2018 го обележа Денот на Европската соработка.

 

Центарот веќе долго време е корисник на средства од Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Р.Македонија кој во моментов преку оваа програма ги имплементира двата проекти „HELP“ и „COMBINE2PROTECT“.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион преку вакви креативни дела имаше чест да биде дел од седмото издание на кампањата EU COOPERATION DAY, каде на отворено низ земјите во ЕУ вклучувајќи ја и нашата земја беа претставени голем број активности и најразлични креативни идеи за одбележување на Европскот ден на соработка.

Главниот настан каде ќе бидат презентирани сите активности во чест на Европскиот ден на соработка ќе се одржи во Дојран на 12ти октомври 2018 година каде најдобрите идеи, фотографии и видеа ќе бидат поставени на веб-страницата на програмата: www.ipa-cbc-programme.eu, како и на Веб-страницата www.ecday.eu.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top