На 15ти и 16ти октомври 2018 година во хотел „Александар Палас“ во Скопје се одржа завршна конференција во рамките на проектот „Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа“ - SEE URBAN кој го имплементираат Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во соработка со засегнати страни од 6 земји и тоа: Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

 

Главната цел на конференцијата беше споделување на искуства за веќе воспоставените модели за намалување на ризикот од катастрофи на локално ниво надвор од границите на регионот на Југоисточна Европа, дискусија за понатамошниот потенцијал за регионална соработка во оваа област и да се истражат можностите за нивна репликација во земјите партнери од Истокот и Централна Азија.

Стотина делeгати од сите земји и територии на земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои и Р.Македонија, кои ги претставуваат националните агенции за управување со ризици од катастрофи, локалните власти, организации на граѓанско општество, Академијата и Регионалните Центри на УНДП во Истанбул и националните канцеларии разменуваа искуства и споделуваа модели за намалување на ризици од катастрофи.

Во своето обраќање, Раководителот на Центарот Г-а Ѓуркова истакна дека овој проект ќе овозможи единствен координиран одговор и силна прекугранична соработка. Ваквиот координиран одговор ќе се постигне преку здружување на ниво на региони односно преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион како административно тело.  Центарот зад себе има големо искуство во подготовка и имплементација на проекти, има можност за користење на национални, и ЕУ фондови, има изградена мрежа на лица од општините кои го сочинуваат регионот, со национални и регионални институции, образовни институции, приватен сектор и други заинтересирани страни. Токму затоа ваквиот пристап претставува основа за спроведување на Македонскиот модел за градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа.

Исто така, Г-а Ѓуркова истакна дека во последните години забележано е нерамнормерна распраделба на луѓето во градовите и руралните средини, односно брз пораст на населението во градовите и поради тоа потребно е јакнење на капацитетите и унапредување на соработката меѓу градовите во Југоисточниот регион во насока кон справување со природните катастрофи. Имајќи во предвид дека системот за намалување на ризици од катастрофи во Р.Македонија се базира на пристап оддолу- нагоре, што значи дека во услови на кризи и катастрофи општините се оние кои први треба да реагираат. Од ова може да заклучиме колку е важна поддршката од другите земји и искуството кои тие можат да ни го пренесат.

Оваа завршна конференција беше организирана во рамките на проектот „Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа“ кој е финансиран од Програмата на цивилна заштита и хуманитарна помош (DG ECHO) во земјите од Југоисточна Европа.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top