На ден 30.10.2018 година во просториите на Дом на АРМ, Струмица претставници од Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП го презентираа отворениот Јавен повик бр.ВТОР МСИП 02/2018 финансиран од Меѓународна банка за обнова и развој - Светска банка, а објавен од страна на Министерство за финансии.

Цел на состанокот беше општините да се информираат за начинот на аплицирање, условите и роковите за користење на финансиска поддршка во форма на под-заеми од страна на Министерството за финансии.

На состанокот присуствуваа претставници од десетте општини од Југоисточниот плански регион како и од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Предмет на овој Оглас е доделување на финансиска поддршка во форма на под-заеми на единиците на локална самоуправа наменета за подобрување на нивото и квалитетот на општинските услуги и основната инфраструктура со цел да се подобри транспарентноста, финансиската одржливост и реализација на таргетираните општински услуги во општините-учеснички.

Средствата наменети за оваа цел во Компонента А “Општински инвестиции” се во износ од 8 милиони евра.

Во рамки на оваа финансиска поддршка предвидено е доделување на под-заеми за општините наменети за финансирање на инвестиции во областа на водовод и канализација, патна инфраструктура и други инвестиции кои имаат потенцијал за генерирање приходи, односно остварување заштеди во комуналните услуги или во други области кои се од висок приоритет за општините-учеснички.

Повикот ќе трае до 15 ноември 2018 година.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top