Во Струмица на 13-ти јули, 2018 година се одржа третиот работен состанок по проектот „Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа“, кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го имплементира во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а е финансиран од Програмата за цивилна заштита и хуманитарна помош (DG ECHO) во земјите од Југоисточна Европа.

Една од темите на која се дискутираше на овој состанок беше управувањето со ризици од несреќи и катастрофи во урбани средини. Бидејќи имаме нерамномерна распределба на луѓето во градовите и руралните средини, односно брз пораст на населението во градовите потребно е јакнење на капацитетите и унапредување на соработката меѓу градовите во регионот во справување со природните катастрофи.

Исто така беа споделени најдобрите искуства на соседните земји, воедно и партнери во проектот, проблемите со кои тие се соочуваат и начинот на кој ги решаваат истите. Бидејќи катастрофите не познаваат граници потребен е единствен координиран одговор и силна прекугранична соработка.

Учесници на состанокот беа претставници од УНДП и ЦРЈИПР,  претставници од националните агенции од системот за управување со намалувањето на ризици од катастрофи, нивните локални центри, како и останати заинтересирани страни и тела кои работат на намалување на ризикот од катастрофи.

На настанот се дискутираше и за претстојната регионална конференција која ќе се одржи на 15 и 16 октомври, 2018 година во Скопје на која ќе има повеќе од 120 гости од различни земји во светот.

 

Проектот е планирано да трае до 31.12.2018 година.

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top